Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (18.10.2021)

Овен
Дозволете повеќе од своето време, нежност и радост на лицето што го сакате. Помалку мислете на себе. Во работата вистинските искушенија доаѓаат од претпоставените личности. Бидете трпеливи и никој нема да ве задева. Посетете некој близок роднина.

Бик
Ќе бидете затрупани со понуди и покани од разни страни. Сите се’ повеќе ве бараат. Денот е погоден за барање нови извори на заработувачка и докажување на личните способности. Потребна ви е промена на средината. Дистанцирајте се од оние кои се полни со негативна енергија.

Близнаци
Причините за некои случувања што често ви се повторуваат, побарајте ги во своето најрано детство. Дружете се со оние кои ви се посебно интересни и кои го заслужиле тоа. Што се однесува до здравјето, спречете го сушењето и стареењето на кожата. Не плашете се од минатото.

Рак
Бидете попустливи кон оние што ги сакате. Ослободете се од емотивните стравови. Не нервирајте се се непотребно. Само работете си ја својата работа. Следете ги советите на лекарот и не форсирајте. Потрудете се само малку да имате самодоверба.

Лав
Некои проблеми што ве мачат во последно време, денеска ќе ви се разјаснат. Бидете трпеливи и немојте да се истрчувате. Вистината ќе излезе на виделина. Бидете внимателни со исхраната и потрудете се повеќе да се движите. Денеска решете една загатка која ќе ви биде од животно значење.

Девица
Љубовната среќа ќе зависи од вашата подготвеност да тргнете во акција. Затоа, немојте да чекате – тргнете! На работа, некои идеи задржете ги за себе. Се’ уште не е време да им ги изнесете на претпоставените. Останете им доследни на своите идеи. Партнерот очекува посебно внимание, овозможете му.

Терезија
Додворувањето на една личност ќе стане се’ поинтензивно. Прашање е дали тоа ќе ве усреќи. Немојте да бидете арогантни и каприциозни пред претпоставените. Внимавајте на сопственото здравје. Разубавете си го денот и јавете и’ се на некоја драга личност која моментално е далеку од вас.

Скорпија
Поради некоја причина, ќе се повлечете од една врска и ќе ги оставите работите недовршени. Ако почнете нова работа, а претходно не сте ги создале потребните услови, ќе дојде до заплет. Ако сакате да го задржите здравјето, бидете внимателни во секој сегмент. Не ветувајте ништо!

Стрелец
Ви недостига мотивација за да се впуштите во еден љубовен однос. Бидете трпеливи бидејќи и финансиската ситуација ќе бара повнимателен пристап. Трошете помалку. Внимавајте на своето здравје и немојте да и’ се препуштате на судбината.

Јарец
Може да очекувате повеќе од она што моментално можете да го добиете. Потпрете се на советот на пријателите. Немојте да влегувате во преговори со личности што не се подготвени за тоа. Избегнувајте да влегувате во конфликтни ситуации. Организирајте некое вечерно излегување.

Водолија
Во ваша близина ќе се најде некоја личност што ќе ви понуди многу смеа и забава. Ќе бидете расположени за креативно и оригинално создавање. Ќе се ослободите од некој телесен недостаток. Не создавајте му на партнерот дополнителни нервози.

Риби
Ќе откриете дека една личност е заинтересирана вас и тоа ќе ве оптоварува. Сосема случајно ќе слушнете еден разговор што ќе ги одреди вашите понатамошни планови. Вашите слаби точки ќе бидат забите и зглобовите. Немојте да бидете груби со домашните и посветете им се целосно.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>