Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (11.10.2018)

Овен
Денес многу случувања зад ваш грб, посебно на деловен план и онаму каде ја остварувате својата професија или занимање, и во прашање се лаги, клеветења без основа, најчесто озборувања. Делумно сте и самите виновни бидејќи сте доста несмасни во односите со другите, премногу сте директни, а богами и доста насочени на себе, така што малку забележувате кога некому не му е право поради вашиот однос или постапки. Секако ќе ви биде гајле ако сте на раководно место, иако да сум на ваше би ми било.

Бик
Проблематики и лаги од женско дете ако го имате, значи ќерката, можеби малку повеќе илузии и такви очекувања ако сте во некаква тазе љубовна врска. Би ви советувал да ја контролирате романтиката, идеализирањето и таквите чувства посебно ако сте од понежниот пол, за ваше добро. Но ако сте во етаблирана врска, брачна што се вели, работите се подобри и од очекуваното, партнерот на ваша страна, имате заеднички мисли и чувства секако, под услов да не сте ја оплескале врската од поодамна. Ако е за оправање, денес можеби првите чекори кон тоа.

Близнаци
Прилично напнат, студен ден и климатски и душевно, велат аспектите за вашиот знак, со доста вознемирени емоции кои ќе се обидете да ги дефинирате и рационализирате, што ќе ви успее ако се завршени, но не и ако сте сред некаква емотивна драма, може само да ги направите бербат и од нив малку да остане. Значи баталете рационализација ако сте во некаква љубовна врска или однос и сакате истиот да ви потрае. Можна аргументација со партнерот, но внимавајте да не испадне кавга. Можна расправија и кавга меѓу родителите.

Рак
Можеби некакво поместување на подобро во односите со партнерот, ако односите биле затегнати и недоречени, инаку ако било се во ред ќе биде уште повеќе, но зачеток на некакви трансформации, особено ако се работи за партнерка што претпоставува дека сте од машки род. Манифестацијата е на некаква упорност и инсистирање на нешто да се направи, но со сила и убеденост несвојствена до сега. Мислам дека треба да и се излезе во пресрет. Инаку денов понапнат во неговиот прв дел, некаква лага или барем обид за неа од роднина или близок на партнерот.

Лав
Внимавајте на своите пари и тоа уште од утрото ако сте во прилика да правите некакви трансакции, работење со банкомати или ако купувате на картичка. Проверувајте ги и слимовите и фискалните секогаш да ви се совпаѓаат, има некаква тенденција на допишување на слимовите, а тоа никој да не го забележи. Освен тоа и готовината носете ја на прибрани места, бидејќи знаете да бидете расеани и да не забележите дека ви го нема паричникот, а ова го говорам за оние лавици кои обожаваат огромни чанти од кои и најлесно се краде.

Девица
Месечината која е пристигната утрово во вашиот знак ви дава малку енергија повеќе токму колку што е потребно некако да го пробуткате денов без некоја поголема ескалација на чувства, за која ќе има можности и ситуации, односи. Не учествувајте во критиките, за кого било и на приватен и на деловен план, бидејќи тие заличуваат и се озборување, а тоа секогаш се открива од кого потекнува. Можности за некакво недоразбирање, спорење или кавга со помлада личност од домашните, блиските.

Вага
Ако сте во некаква нова релација можни се сомнежи, заблуди или идеализирања за намерите на личноста со која сте ја започнале врската, но ваквите нешта се можни и по прашање на вашето дете и некои негови мотиви и постапки, или пак може да се работи да раскажувате за ова на некого како забава, што можеби е забавно, но не е добро, не во етичка смисла на зборот, туку во енергетска. Учествувањето во озборување, за што станува збор, сакале или не, ви ја намалува енергетиката и фреквенцијата.

Скорпија
Подобрување на контакти во социјална смисла, уште од утрото, значи и премногу заинтересирани за вас, просто да се чудите, но сите нешто критикуваат, озборуваат, подметнуваат, лажат и се обидуваат да ве инволвираат во своите филмови. Ако останете настрана од сето имате можности за убав ден, просто сончев иако надвор само што не се стркалале облаците на земја. Во спротивно имате можности да сте како времето надвор, а опуштање може да очекувате дури послепладне.

Стрелец
Не ви е баш денот, како и периодот. Тоа значи дека треба да си ги заштитите енергетските ресурси, да не сте растргнати натаму наваму трошејќи енергија, оптимизмот мора да го најдете ако го немате, се да вртите на шега, дури и ако не ви е за шегување. Денов не е посебно лош но има многу ситни непријатни аспекти кои можат сукцесивно да ве нервираат и така денот да пројде во нервозна и полустресна состојба. И партнерот нешто потпрен на вас, па и тоа треба да се издржи. Нормално со шега, на сопствена сметка.

Јарец
Немате аспекти кои би требало да ве загрижуваат, но имате такви кои би можеле да ве изнервираат, и тоа не многу. Но, за да се избегне и оваа можност морате малку повеќе да најдете мотиви за оптимизам, а тој секако нема да го најдете во материјалната сфера. Ви говорам за спиритуалната или духовната, а чувствата се токму од таа област. Значи чувство кон некого или нешто што би ви развило оптимизам нема да биде отповеќе денес. Проверувајте си ги сметките во големите супермаркети, бензински, секаде каде купувате. Постои убава тенденција на зголемено грешење во чукањето бројки, посебно кон нулите.

Водолија
Во зависност од вашите очекувања денес денот може да ви е со еден куп ветувања, за некаква помош, поддршка, вршење некоја работа со ред, преку ред, но најголемиот дел од истите ќе бидат лажни ветувања, и денес можете слободно да си го прогласите денот за ден на лагата, заблудите или илузиите кон некого или кон нешто. Во зависност од тоа колку им верувате на луѓето, толку ќе биде и големо вашето разочарување во истите, посебно кон женскиот дел од вашите врски, познанства или пријателства, без оглед на кој пол вие му припаѓате.

Риби
Прилично напнат ден во поглед на аспектите кои уште од рано наутро претпоставуваат некакви нервози, откриени лаги, доста озборувања, критики кон некого или нешто. Сето во корелација со партнерот, па или ќе влезете во заедничко критикување и озборување на некого што можеби ќе ви даде чувство на заедништво, но од друга страна ќе ви ја намали енергијата на обајцата, па во следниот момент можете да се касате за некоја ситница. Кога сме веќе кај партнерот, доста променливо однесување и емотивен статус, кој може да се менува од час во час.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *