Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за недела (11.02.2018)

Овен
Ќе бидете внимателни со деталите. Ова е одличен период за дознавање нови информации. Направете финансиска конструкција. Некој може негативно да влијае на вас, но бидете цврсти и останете на своите ставови.

Бик
Бидете внимателни за улогата на другите луѓе во вашиот љубовен живот. Некои работи нема да се одвиваат онака како што сте очекувале. Имате премногу позитивна енергија и сето тоа поради насмевката на една личност. Дружете се колку можете повеќе.

Близнаци
Случувањата на љубовен план нема да бидат едноставни. Можна е сериозна расправија или прекин на долга врска. Потрудете се да избегнувате важни договори. На работното место ќе забележите неправилности од страна на вашите соработници.

Рак
Очекувајте сигнали на организмот и реагирајте на првите знаци на замор. Неопходни ви се моменти на релаксација. Психичката активност ќе биде нагласена. Разговарајте со саканата личност за заедничките проблеми.

Лав
Занемарете ги разговорите и свртете се кон оние со кои имате заеднички јазик. Постои можност да бидете погрешно сфатени, па ќе морате да се браните. Избегнувајте радикални промени во љубовната врска.

Девица
Не брзајте со одлуките. Имате целосна поддршка од колегите и семејството. Пожелно е да отидете на патување, бидејќи само така ќе се чувствувате задоволно. Слободните Девици ќе се чувствуваат заљубено особено во личности што имаат поголем авторитет.

Терезија
Состојбата во семејството ќе влијае и на вашите одлуки. Ако бидете искрени кон себе, ќе сфатите дека грешките се последица на вашето нерасположение. Внимавајте со здравјето, ве очекуваат проблеми со срцето.

Скорпија
Заминете на патување – можеби таму ќе успеете да ја најдете вистинската љубов. Ќе ви порасне популарноста на работното место, но и во друштвото. Ве очекува голем успех, но морате да бидете трпеливи.

Стрелец
Можеби ќе прифатите работа за која никогаш не сте мислеле дека ќе ја работите. Ќе бидете рационални, но и пречувствителни. Планетите укажуваат на подобрување на материјалните и духовните залихи. Ако успеете, ќе бидете многу задоволни.

Јарец
Окупирани сте со многу работи што се врзани за финансиите. Некои ваши скриени намери ќе испливаат на површина. Во љубовта ќе ве привлекува сето она што е скриено од очите на јавноста. Можете да очекувате врска со голема разлика во годините.

Водолија
Премногу ќе влијаете на околината. Се’ што ќе сработите ќе остави посебен печат. Планираните работи ќе се одвиваат во нагорна линија. Потрудете се да внесете нешто ново во секојдневјето. Може да бидете задоволни со се’ што се случува на љубовен план.

Риби
Вашите финансиски одлуки не се рационални. Очекувајте расправии на работното место. Бидете внимателни со исхраната, бидејќи здравјето не ви е на завидно ниво. Слободните Риби ги очекува незаборавна авантура, која може да прерасне во сериозна врска.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *