Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за сабота (11.01.2020)

Овен
Намалете ја малку тензијата и пронајдете задоволство и во други нешта. Некое лице од вашата околина сериозно е заинтересирано за вас, но вие постојано се обидувате да го негирате тоа. Можеби сте на чекор да испуштите добра шанса за убава емотивна врска.

Бик
Тоа што ви оди од рака комуникацијата со соработниците може лесно да го искористите во своја полза. Во емотивниот живот време е да внесете малку живост и да ја разбудите биковската страст. Здравствената состојба е поврзана со хормоните и жлездите.

Близнаци
Внимавајте, поради вашата незаинтересираност, многу лесно може да се случи партнерот да замине од вашиот живот. Доколку, пак, сте слободни, постои лице што ужива во вашето друштво, само треба да погледнете подобро за кого станува збор.

Рак
Ќе имате затегната комуникација со вашите соработници, но ќе ја надминете, па дури ќе се создадат и услови за унапредување на работното место и подобра материјална заработувачка. Преземете ја улогата на лидер и покажете дека добро умеете да се справите со големи проекти.

Лав
Слободно дозволете си да ја покажете сензуалната страна на вашиот карактер и почувствувајте ја љубовта. Можеби е време да му дозволите на некого да го зароби вашето срце. Но, не пропуштајте ја можноста за забава, а ќе ви годи и комуникацијата со пријателите и семејството.

Девица
По периодот на затегната комуникација, можеби е крајно време да сфатите дека некаде сте згрешиле и дека е време да ја согледате ситуацијата реално. Прифатете ја изразената сензибилност и отворете се во однос на емоциите. Доколку слободно покажете колку ви е важна врската, ќе успеете да го вратите односот во нормален колосек.

Терезија
Запознавањето ново лице ќе значи и нов почеток што ви го ветуваат планетите. Но, тоа не значи дека и останатите претставници нема да имаат успех и да направат нешто ново. Дајте го својот максимум и не штедете се во однос на времето и енергијата.

Скорпија
Љубовта е на секој чекор кога сте вие во прашање. Се чувствувате одлично, бидејќи љубовта е вашиот најголем двигател во животот. Многу ги идеализиравте работите во изминатиов период, па сметате дека темпото на позитивната енергија ќе ве држи уште долго. Напротив, сега е време да се разбудите и да сфатите дека ништо нема да се случува доколку сами не создадете услови за тоа.

Стрелец
Обидете се да бидете малку пофлексибилни и ќе видите дека околината ќе ве гледа со поинакви очи. На емотивен план ве очекуваат убави случувања со партнерот, но внимавајте да не претерате со испрашувањата и љубомората.

Јарец
Нежните разговори што ви претстојат ќе влијаат извонредно на вашата крута природа, па така арогантноста и сарказмот ќе дојдат во втор план. Љубовта доаѓа кога најмалку ја очекувате, па затоа мислете на други нешта и можеби наскоро ќе се изненадите.

Водолија
Ќе почувствувате потреба за блискост со одредено лице, што сериозно ќе ве замисли што всушност чувствувате за него. Бидете доволно промислени и ќе успеете да најдете емотивна инспирација, која ќе ви помогне да го подобрите односот со партнерот. Вие сте познати како големи љубовници, а моментно срцето ви е резервирано само за едно лице.

Риби
Доброто расположение ќе ви годи, бидејќи на површина ќе испливаат емоциите на кои сте многу горди. Посветете повеќе внимание на партнерот кој постојано се труди да ви угоди, но внимавајте затоа што и неговото трпение е пред крај. Лесно се губат нештата, но многу тешко се враќаат во игра.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *