Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (10.10.2017)

Овен
Работата доживува експанзија, и тоа благодарение на вашата неуморливост, но и поддршка од планетите. Од друга страна, пак, треба да посветите малку повеќе време на себеси и пронаоѓањето на сопствениот мир. Не оптоварувајте се со другите.

Бик
Бидете реални во процената на моменталната деловна ситуација за да не се каете подоцна. Не сте во ситуација исправно да одлучувате и тоа главно поради слабоста на организмот и склоноста кон настинки. Иако околностите бараат максимален ангажман, работете колку што можете.

Близнаци
Проблемите со нервниот систем се предизвикани од сознанието дека сте живееле во илузии. Обидете се да ја надминете внатрешната општа збрка. Ќе биде тешко, но прашање е колку вие го сакате тоа. Најлесно е да да ја барате вината во другите.

Рак
Во љубовта се можни конфликти, предизвикани од вашата несигурност и несвесното нејзино пренесување врз партнерот. Работете повеќе на себе, на зајакнување на свеста за сопствената вредност зашто тоа е единствен начин да ја одбегнете љубомората и посесивноста.

Лав
Сакате да се изолирате зашто во осаменост најдобро функционирате. Зошто се чувствувате непријатно во присуство на други? Зошто сте несигурни, нервозни и напнати? Немате причина за тоа. Обидете се да извлечете поука од моменталната ситуација.

Девица
Слушнете што ви вели интуицијата, која моментно е најисправна и точно ви кажува како треба да се однесувате. Сакате некои работи однапред да испланирате, што не е лошо, зашто наскоро доаѓаат тешки времиња. На извесен начин тоа го претчувствувате, па сакате да ги ублажите проблемите.

Терезија
Се наоѓате во конфликт меѓу желбите и можностите. Треба да направите компромис и да се задоволите со она што го имате. Поведете сметка за практичните работи и за здравјето. Опасноста од вирус ве демне од сите страни.

Скорпија
Ограничувањата на сите полиња се само последица на болестите од хронична природа. Скорпиите се борат со настинките. Ви се препорачува одмор или ако мора да работите, барем сторете го тоа во мир. Добивате помош од постари луѓе.

Стрелец
Одбегнувајте ги јавните собири и обидете се да ја сведете комуникацијата на минимум, поради можноста од настинка. Што се однесува до работата, бидете реални. Не дозволувајте повторно да ве оптоварат со непријатно искуство.

Јарец
Верувајте си повеќе на себеси и на сопствените можности ако сакате да бидете задоволни. Не залажувајте се со тоа дека сте постигнеле нешто значајно, зашто фактите укажуваат на нешто поинакво. Ни помалку ни повеќе ќе го добиете она што сте го заслужиле.

Водолија
Напорна работа и бавно постигнување резултати. Бидејќи вам ви се брза, помирете се со фактот дека денеска мора да ги засукате ракавите и да најдете мир во тишината на сопствените мисли. Ако се обидувате да дојдете до невозможното – ќе се разболите.

Риби
Бидете внимателни кога се работи за измами. Не инвестирајте во работи што не се проверени, како и во луѓе што можат погрешно да ве насочат. Чувајте ги парите и документите, зашто лесно можете да ги изгубите. Дружењето со Девиците ве инспирира.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *