Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (10.09.2019)

Овен
Активно учествувате во сите случувања на работно поле. Ќе умеете добро да ја процените целата ситуација. Во односот со саканото лице понекогаш не е лесно да се согледаат вистинските причини за кавги и расправии. Не реагирајте премногу емотивно.

Бик 
Вашите очекувања се големи. Ви се советува да се потпрете на вашиот практичен дух и на аналитичкото расудување. Љубовниот однос не е претерано идиличен, како што го замислувате. Понекогаш пожелно е да ги искористите своите скриени адути.

Близнаци 
Се обидувате упорно да ги промените веќе поставените правила. Околината нема да биде заинтересирана да ги поддржи вашите идеи. Со саканото лице ве очекуваат пријатни моменти, па затоа не пропуштајте ја секоја можност.

Рак 
Чувствувате креативна инспирација и потреба да ги проширите своите хоризонти. Обидете се да го приспособите вашиот професионален стил. Ќе зрачите со енергија секаде каде што ќе се појавите. Партнерот најмалку ќе остане рамнодушен.

Лав 
Насочете ја вашата креативна енергија во вистинска насока. Во достоинствен стил ќе прифатите нечии коментари и сугестии. Најважно од сe е да го следите својот внатрешен глас или својот инстинкт. Само така ќе успеете.

Девица 
Ќе ви се случат некои непредвидливи работи, па затоа ќе треба да реагирате трезвено. Со саканото лице ќе имате некои конфликтни ситуации, па затоа обидете се да не бидете премногу своеглави. Ви се советува повеќе спорт.

Терезија 
На работно поле се наоѓате под интензивен притисок. Некои ваши соработници упорно не ги прифаќаат вашите ставови. Но, со голема самодоверба успешно ќе излезете од таа ситуација. За среќа, ќе се ориентирате спрема нови креативни содржини.

Скорпија 
Се наоѓате во одлична психо-физичка форма. Со мудрост и со тактички потези успешно ќе ги завршите сите обврски. Ве очекува некоја романтична средба која нема да ве остави рамнодушни. Искористете го денот.

Стрелец 
Реагирате премногу енергично во некои ситуации кога треба да се бранат сопствените ставови. Сепак, најважно од сe е рационално да ја искористите својата енергија и време. Ќе добиете комплименти од нечија страна.

Јарец 
Пред вас е успешен ден. Блескате секаде каде што ќе се појавите. Ни партнерот нема да го оставите рамнодушен. Ќе посака секој момент да биде со вас. И пријателите ќе ви бидат наклонети. Кога и да ви биде потребна помош, повикајте ги.

Водолија 
Сакате да оставите впечаток на работно поле. Но, ви се советува внимателно да ги анализирате соработниците, бидејќи нешто ви планираат зад грб. И вашиот партнер е премногу неодговорен, не потпирајте се на него.

Риби 
Имате добра способност на преговарање и успевате вешто да се вклопите во различни непредвидливи ситуации. Кога се во прашање вашите чувства, премногу сте емотивни. Кога е во прашање љубовта, знаете да направите скандал.

 




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *