Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (06.07.2022)

ОВЕН
Имате вистинска причина за добро расположение. Главната причина е заљубеноста и функционирањето под  дејство на силни еротски импулси. Може да се појават проблеми доколку не успеете да ги остварите своите намери. Во тој случај ќе се чувствувате сосема спротивно – ќе бидете незадоволни, лути и искомплексирани.

БИК
Биковите се среќни, бидејќи успеале да ги преболат и пребродат неубавите работи поврзани со саканата личност. Бидејќи не очеувате ништо спектакуларно на емотивен план, поминувате преубави моменти и за чудо, добивате повеќе отколку што можете да претпоставите. Во моментов не размислувате за неверство.

БЛИЗНАЦИ
На индиректен начин ги покажувате чуствата спрема Вашиот партнер. Повеќе Ви одговараат приказни за љубовта отколку конкретна акција на тоа поле. Уметничката природа на овој знак Ви помага полесно да функционирате и да ги контролирате односите со спротивниот пол. Ви се отвараат поволни можности за напредок во полето на уметноста.

РАК
Ниските претставници на овој знак имаат проблеми од психосоматска природа, бараат вина во другите и незадоволни се, додека оние другите уживаат. Свесни се за фактот дека добиваат онолку колку што заслужиле, па затоа се трудат да бидат поактивни, а со тоа и позадоволни. Ништо не паѓа од небо, па ни добро расположение.

ЛАВ
Само незадоволства. Причините за тоа се субјективни и произлегуваат од личните нереализирани потреби. Од партнерот сте незадоволни, работите не одат по план, а здравјето попушта. Имате чувство дека се се свртило против Вас. Се тешите, бидејќи станува збор за Ваша фикција и минлива состојба. Суетата Ви е повредена, па што?

ДЕВИЦА
Искористете ги шансите кои ретко се пружаат, а се однесуваат на Вашите латентни уметнички способности. Моментално сте окупирани со страст, па не размислувате за Вашите таленти. Бидејќи е нагласена сексуалната енергија  исто колку и креативната, доколку не ја искористите едната, тогаш останува другата. Изборот е Ваш.

ВАГА
Доживувате бурни и страсни моменти. Поради тоа што ги имате активирано емоциите и страстите, склони сте кон претерување. Тоа го правите секогаш кога се чувствувате убаво, така да сега е момент кога треба да бидете попретпазливи. Бидете умерени не само во конзумирањето на благото, туку и со партнерот. Доколку претерате, можно е да ви се смачи.

СКОРПИЈА
Не сте свесни за сопствената агресија и присилувањата кои ги вршите врз околината. Сакате по секоја цена да остварите некои замисли, притоа не бирајќи средства. Врската со припадниците на знакот Лав е лабава, но вие сепак не се откажувате. Ве врзуваат љубовта или работата, но сепак чувствата треба да ги оставите на страна. Не е лесно да се признае пораз.

СТРЕЛЕЦ
Во моментов ништо не ви поаѓа од рака, па затоа не ги форсирајте работите. Оставете се да си тече и почекајте поповолен момент. Потребно е да пројде извесно време. Внатрешните незадоволства можете да ги ублажите бавејќи се со спорт. Прошетките или тенисот представуваат вистински мевлем за душата. На тој начин можете да ја ставите депресијата под контрола.

ЈАРЕЦ
Планетите Ви порачуваат да не седите со скрстени раце туку максимално да се активирате. Вистински момент е да ги соопштите новитетите на своите блиски или пак нешто да им предочите. Кажаното ќе има одличен ефект, а Вам ќе Ви падне камен од срце. Тајните кои ги криете поради страв време е да ја здогледаат светлината на денот.

ВОДОЛИЈА
Активирајте се на деловно поле. Ви претстои успех на сите аспекти кои се однесуваат на работа, комуникација и пријатели, но здравственото прашање е малце неповолно. Особено нервозни ќе бидете кон крајот на денот. Штедете ги нервите.

РИБИ
Доколку сметате дека сте жртва во околината се лажете бидејќи по однос на ова прашање постапувате субјективно. Не малтретирајте се со анализи на оваа проблематика, туку посветете се на работа за која сметате дека сте талентирани и дека ќе Ви тргне од рака. Што другите мислат за Вас тоа е нивни проблем, а не Ваш. Затоа не оптеретувајте се.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>