Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (01.08.2022)

Овен
На работа ќе биде динамично. Финансиите и натаму се стабилни. Поволен глас за нешто што сте го планирале сите во семејството. Одлуката ќе биде ваша. Ако имате деца, ќе ви приредат убаво изненадување.

Бик
Имате желба да го менувате амбиентот во кој работите. Се’ уште немате претстава каде или што би сакале конкретно да промените. Ќе се појави добра алтернатива. Во семејството расположението е лошо. Сепак, здравјето е стабилно.

Близнаци
Почнавте да се менувате и на истите работи гледате поинаку од порано. Емоциите ви се нагласени. Имате помалку трошоци. Во овој период не се разбирате баш најдобро со пријателите. Во љубовта ви тлее некакво незадоволство.

Рак
На моменти сте неодлучни и несигурни во работата, а всушност имате одлични претпоставки и добро чувство што треба да го следите. Односот со партнерот не е идеален, па ви станува здодевно. Здравјето е солидно.

Лав
Вашите соработници и колеги не ги разбираат вашите барања и очекувања, па очекувајте мали несогласувања. Атмосферата во семејството е променлива. Ви претстои пријатно излегување со многу емоции.

Девица
И денес без причина ќе бидете оптоварени поради пријателите, но кризата е минлива. На работа ќе бидете максимално ангажирани. Финансиската ситуација е иста. Во семејството расположението е лошо.

Терезија
Се чувствувате подобро од вчера, иако на работа не е нешто блескаво. Финансиите се променливи. Ве очекува убаво излегување со пријателите и ново познанство. Во бракот е нестабилно. Здравјето е добро.

Скорпија
На деловен план денот е преполн со пресврти и нови можности. Планирате заедничко патување со пријателите. Партнерот многу се труди околу вас, но сега вие ја водите играта. Страственоста е нагласена.

Стрелец
Малите деловни промени многу брзо ќе донесат резултат. Само трпеливо. Можна е добивка, но дури утре. Неочекувано реагиравте на некого и се обидувате да дојдете до него. Здравјето е добро.

Јарец
Партнерот е преоптоварен со работа, а вие ги чекате своите пет минути. Некој од колегите ви се додворува. Може да се случи да се препуштите на ситуацијата. Комуникацијата со пријателите е добра. Наскоро се стабилизира финансиската ситуација.

Водолија
Очекувајте деловен предлог од некој што ќе ви дојде на посета дома. Во домот имате вистинска емотивна збрка и нема разбирање. Важни сте му на партнерот, само што моментално повеќе сака да се забавува.

Риби
Денеска ви претстојат средби што нема да бидат од деловна природа. Ќе посакате да се забавувате и да се релаксирате со пријателите. Парите ги трошите на убави работи. Во љубовта не ви е лошо, но, сепак, сте незадоволни со нешто.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>