Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (09.12.2021)

Овен
Успеавте на начин својствен за вас, што значи упорно и немилосрдно, да постигнете успех. Уживајте во него додека можете и ќе се чувствувате сјајно. Кога ќе размислите подобро, потребен ви е одмор. Посветете му внимание на партнерот, одете во кино.

Бик
Што ви се случува? На сите им го свртевте грбот. Околината ќе ви го прости тоа, но не и партнерот. Тој смета дека вашиот однос е прилично проблематичен и размислува дефинитивно да го среди сето тоа. Доколку сакате да спасите нешто, тргнете во акција.

Близнаци
Емоциите се нагласени, но не претерувајте со нивно искажување во јавноста. Со партнерот ќе остварите одлична соработка и желба заедно да присуствувате на некое уметничко случување. Потрудете се да бидете креативни, сe е во знакот на комуникацијата и дружењето.

Рак
Имате време да размислувате и да сонувате. Се буди вашата интуиција, но и смислата за сите работи што немаат врска со реалноста. Пред вас е успешен ден, не дозволувајте некој да ви го упропасти. Партнерот се дистанцира од вас, потрудете се повторно да го придобиете.

Лав
Сознанието дека живеевте во илузии е болно, посебно за вас. Мислите дека никој и ништо не може да ве изненади, но, очигледно, не е така. Сфаќате дека лицето на кое му верувате ве злоупотребува и ве искористува.

Девица
Зголемената енергија и повеќето обврски што треба да ги извршите ве доведуваат до опасност да направите грешка. Повреди и сообраќајни несреќи може да се случат доколку сте замислени и невнимателни. Затоа однесувајте се внимателно и одговорно.

Терезија
Се наоѓате во добро расположение и исклучително добро комуницирате со околината. На момент заборавете ги проблемите ако сакате да бидете среќни. Здравствената состојба не е сјајна, имате проблеми со хормоните, поради што сте нервозни.

Скорпија
Имате проблеми со временските промени, а тоа влијае и на вашето расположение. Моментално сте окупирани со финансиите затоа што доцнат. Бидејќи станува збор за веќе заработени пари, бидете трпеливи, сигурно ќе стигнат. Обрнете внимание на консумирањето алкохол и цигари.

Стрелец
Ништо не може да се промени преку ноќ. Важно е да почнете правилно да размислувате за тоа како на најпаметен начин да го осмислите времето. Што се однесува до работата, ја извршувате сјајно. Единствено не ви оди од рака дружењето, трудете се повеќе.

Јарец
Најдобро би било некои работи да ги оставите да малку настрана, размислете добро пред да тргнете во конкретна акција. Дури и да сакате, моментално не сте во состојба да се изборите со проблемите. Можно е веќе утре да се чувствувате подобро и со леснотија да ги поминете сите препреки. Почнете да го планирате летниот одмор.

Водолија
Конечно ја сфативте пораката на околината, па така и се однесувате, смирено. Сите активности што би требало да ви донесат конкретни резултати денес се оневозможени, а тоа го зголемува незадоволството. Во наредниот период насочете го вниманието кон себе.

Риби
Се спуштивте на земја и реално ја согледувате ситуацијата, така што големи се шансите успешно да ги решите сите проблеми. Во спротивно, ако се дистанцирате, тие само ќе се таложат. Почнете да се дружите со книгата, можеби ќе се пронајдете во неа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>