Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (09.11.2018)

ОВЕН
Фрустрациите и притисоците би можеле да ви го расипат расположението, но имате феноменална самоконтрола со која можете да го избегнете тоа и да се потрудите се’ да ви изгледа розово. Пријателите ќе ви понудат заедничко вложување во една работа за која треба добро да размислите.

БИК
Кога би покажале малку повеќе сочувство и сензибилитет – би добиле многу повеќе од семејството и блиските луѓе. Покажете ја вашата добра страна. Ако се занимавате со недвижности, денеска би можеле да имате еден од подобрите денови.

БЛИЗНАЦИ
Обидете се да не донесувате никакви одлуки и заклучоци зашто во моментов не размислувате како што треба. Ги немате потребните информации и субјективни сте. Обидете се да најдете некој начин за релаксација. Наполнете ги батериите.

РАК
Пријателите ќе ви понудат добар серум за некои внатрешни грижи врзани за кариерата. Дозволете им да влијаат врз вас. Ќе сфатите дека туѓите стандарди едноставно не вредат за вас и додека не си поставите свои, не очекувајте никакво подобрување.

ЛАВ
Послушајте го инстинктот зашто немате само добри идеи, туку и партнери кои се подготвени да преземат дел од ризикот и да ви помогнат на сите можни начини. Можеби тоа нема да биде финансиски, но затоа се маестрални во компензациите, па може лесно да се случи да добиете нешто без вложување.

ДЕВИЦА
Си поставивте план, зацртавте цели и сега сакате да го остварите она што сте го замислиле. Не дозволувајте да ве попречат, најдете сили и изборете се за она во кое верувате. Сите сетила ви говорат дека сте на вистинскиот пат. Не верувајте им на неверните томовци.

ТЕРЕЗИЈА
Новите идеи околу некој специјален креативен проект ќе ве одведат на патување. Со оглед на тоа што не можете да најдете соодветен партнер во ваша близина, може да се изненадите од контактите со странците. Додека преговарате обидете се да не трубите на сите страни.

СКОРПИЈА
Размислете што се бара од вас и што е најпрофитабилно. Не губете ја енергијата на сто страни, туку посветете се на едно подрачје и одработете го со голема прецизност и внимание. Моментално сте најдобри на полето на промоцијата и маркетингот.

СТРЕЛЕЦ
Една личност со големо влијание врз вас ќе влезе непредвидено во вашиот живот. Таа ќе ви помогне да се ослободите од притисокот на околината и на најдобар можен начин да ги презентирате своите идеи. Сите ќе ве сфатат сериозно и ќе ве прифатат како одлична личност за дружење.

ЈАРЕЦ
Уморни сте и ви треба одмор, но сега едноставно тоа не можете да си го дозволите. Всушност, одлично би било кога би научиле некоја техника за одморање која ќе ви помогне барем на 5 минути да се одвоите од секојдневните главоболки. Таква техника постои – верувајте.

ВОДОЛИЈА
Кога сите ќе се откажат, стапувате вие на сцена! Тоа е вашиот најголем квалитет кој денеска ќе дојде до полн израз, па колегите и пријателите ќе сфатат дека вие најдобро работите во време на криза. Најсмешно од се’ е што имате најдобра инспирација кога проблемот е поголем.

РИБИ
Навлеговте малку повеќе во сопствениот свет на фантазија. Соочете се со реалноста и обидете се да им помогнете на пријателите да решат дел од проблемите за кои се самите виновни. Вечерва може да си дозволите повторно да се вратите во светот на фантазијата.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *