Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (09.11.2017)

Овен
Во потрагата за вредности размислувајте практично. Ви пречи несериозноста спрема работата на другите. Не сакате да се расправате, па го потиснувате незадоволството. Сакате нешто да промените и ќе ви успее тоа.

Бик
Многу животни проблеми ве стигнаа во исто време. Борете се со сета сила ако сакате да успеете. Не штедете ја енергијата и бидете трпеливи. Послушајте совет од блиските кои ќе ви помогнат со помалку напор да завршите повеќе работи.

Близнаци
Упорно сакате вербално да се докажете, мислите дека секогаш сте во право. Бидете трпеливи, бидејќи може да се исцрпите докрај ако продолжите со расправиите. Размислете објективно за тоа до каде сте и како се чувствувате.

Рак
Нервозата денес е неизбежна. Повторно се оддалечивте од семејството и малку време поминувате во домот. Имате нагласени квалитети, затоа потрудете се да успеете во некое поле. Најдете спас во дружењето со саканото лице.

Лав
Свесни сте за целта што е пред вас, затоа и трпеливо грабите кон целта. Обврските ги извршувате со зголемена доза концентрација. Мотивирани и амбициозни сте, затоа ќе успеете. Бидете позитивни и сe ќе дојде во вистинско време.

Девица
Јасно знаете што сакате и не сте во дилема. Планирате промени и се подготвувате за нив. Ја анализирате секоја ситница и не дозволувате да се премислите. Идеален период за финансиска трансакција и нова љубов е на повидок.

Терезија
Постојано сте во движење, потребен ви е одмор. Ги занемаривте домот и семејството. Сакате да комуницирате, што е добро и несвојствено за вас. Некогаш ви доаѓа да избегате од сe, но мора да бидете трпеливи.

Скорпија
Денот е во знакот на активната кореспонденција. Со променливо расположение сте, непостојани и несигурни. Постојано нешто ветувате, а потоа се каете. Имате талент за многу работи само треба да го искористите на вистинско место. Планирате патување со партнерот.

Стрелец
Многу зборувате, но тоа многу им пречи на другите. Трпеливо ги извршувате сите обврски, но лошо комуницирате со околината. Изразувајте се вербално, а и работете повеќе. Времето ќе покаже кој е во право.

Јарец
Благодарејќи на поволниот аспект на планетите, се вразумивте и решивте нормално да комуницирате. Одлично функционирате во тим и постигнувате одлични резултати. Чувството за убаво е нагласено, затоа занимавајте се со уметност.

Водолија
Несигурни сте и затоа не знаете дали да се однесувате по сопствено сценарио или под туѓо влијание. Нешто планирате, но тешко преминувате во конкретна акција. Ви недостасува енергија и мотив. Почнете да се занимавате со спорт.

Риби
Бидете ентузијасти ако сакате да успеете. Планирате средба со истомисленици од која знаете дека ќе имате корист. Креативно размислувајте и позитивно гледајте на работите. Денес сте типичен претставник на знакот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *