Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (09.05.2019)

Овен
Чувствувате замор и затоа реагирате поимпулсивно отколку вообичаено. Се обидувате да се ослободите од некои дополнителни обврски, но колку повеќе се обидувате, толку полошо станува. При средбата со саканото лице нема потреба да се возбудувате за ситници.

Бик
Прифатете нечија сугестија. Најважно е да ги пласирате своите идеи на вистинско место и во друштво што ќе ви одговара. Доколку ве мачат емотивни идеи, искрено поразговарајте со саканото лице. Ќе ви одговара психичко олабавување, акумулирајте позитивна енергија.

Близнаци
Важно е правилно да се разберете со своите соработници. Секој треба да си го заврши својот дел од работата и тоа на најдобар можен начин, без премногу експонирање. Не бидете ситничари. Избегнувајте ги лошите навики и лошата исхрана.

Рак
Избегнувајте ги ризичните ситуации, бидете мудри при средбите со вашите соработници. Нема потреба да му поставувате непотребни прашања на лицето кое има големо влијание на вашата околина. Се чувствувате вознемирено, обидете се да ја подобрите концентрацијата.

Лав
Некој ќе се обиде да ве наведе на погрешно мислење, но вие имате свои цели и не отстапувате од она што сте го зацртале. Партнерот ќе ве расположи со своите идеи. Слободното време искористете го за рекреација, олабавете се.

Девица
Нечие однесување влијае врз вашата концентрација, па затоа трпите деловен неуспех. Сепак, постои начин да го надмудрите лицето што ве вознемирува. Не занесувајте се со големи желби и некакви ветувања. Тешко ќе ви биде да процените нечии постапки.

Вага
Постојат некои ненадејни околности кои ве забавуваат, некој не сака да ги сослуша вашите идеи. Послушајте некој корисен совет што ќе ви го упати некој ваш близок соработник. Ќе ви одговара прошетка или излет во природа.

Скорпија
Доколку немате доверба во некои соработници, направете го она неопходното. Заштитете ги своите работни интереси и прекинете го контактот со некое непријатно лице. Нема потреба од грижи, олабавете се.

Стрелец
Некој се обидува да го диктира вашето работно однесување. Имате чувство дека од вас се бара многу повеќе отколку што можете да направите. При средбата со саканото лице некои случувања не се по ваша желба и вкус. Ќе ви одговара психичка релаксација.

Јарец
Некој ќе ве доведе пред свршен чин или во некоја непријатна ситуација. Побарајте некој добар совет и заштитете ги работните интереси. Бидете промислени при една ненадејна средба. Обидете се да ја сочувате самоконтролата.

Водолија
Заинтересирани сте за различни обврски и се обидувате да го наметнете своето мислење. Не сакате да пропуштите некоја ненадејна можност, која е поврзана со некое емотивно зближување. Се наоѓате во фантастична психофизичка форма.

Риби
Важно ви е да спроведете некои идеи и да се покажете во вистинска светлина. Обрнете повеќе внимание на ситниците што ќе влијаат на вашите завршни резултати. Бидете упорни во своите намери. Се наоѓате во романтично расположение, а саканото лице искрено ви угодува. Исполнети сте со оптимизам.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *