Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (09.03.2018)

Овен
Во фаза сте на планирање нови професионални потези. Сите постапки се базираат на нови работни искуства, затоа немојте со глава низ ѕид. Сонувате за заеднички патувања со саканата личност. Не плашете се да и погледнете на вистината во очи.

Бик
Ви поаѓа од рака да функционирате на повеќе колосеци. Покрај работата која одлично ја извршувате, имате време и за љубов. Со партнерот ве очекуваат пријатни моменти, многу внимание и нежност. Потрудете се да се дружите колку можете повеќе.

Близнаци
Ќе добиете вести кои и тоа како ќе ве изненадат. Долго време ви беше потребно за да донесете одлука, но морате да бидете внимателни. Морате да се жртвувате и да промените некои работи во приватниот живот. На почетокот не е едноставно но се исплати.

Рак
На моменти ќе го посакувате невозможното, , па ќе се нервирате кога ќе сфатите дека до тоа нема да дојде. Бидејќи сите мисли се насочени кон меѓучовечките односи, сознанието дека нешто не е во ред ве прави нервозни. Бидете трпеливи.

Лав
Живеете онака как што сакате и го добивате она што сте го заслужиле. Голем дел од вас се насочени кон работата и партнерот. Дветте работи ве прават нервозни бидејќи многу очекувате, а за возврат добивате малку. Ако сакате да бидете задоволни, намалете ги критериумите.

Девица
Една од причините за емотивна напнатост е моменталнтаа пречувствителност. Вина треба да барате во себе, и да се потрудите да се повлечете на извесен период. Ви се укажуваат нови професионлани можности.

Терезија
Успех очекувате од сите работи кои ви се битни. Одлично се чувствувате, а една од причините за тоа е вниманието од партнерот. Осаменоста не ви прија, желбата за дружење со старите пријатели е одлична идеа. Разговарајте за нова работа.

Скорпија
Нервозата е евидентна, но и силата за да ја пребродите. Се што ви се случува, и добро и зло го делите со околината. Ве очекува средба за која не сонувавте. Доколку не сте заљубени, можеби тоа ќе се случи наскоро, но не очекувајте премногу.

Стрелец
Се постигнувате исклучиво со сопствена сила. Околината не само што ви одмага, туку и ве оптеретува. Не жалете се, завршете ги сите обврски и испланирајте патување. Можете одлично да си поминете, мала промена никому не е одмет.

Јарец
Потрудете се да се наметнете на околината и неа отворено да и кажете што сакате. Вашето однесување е нешто ново и за партнерот, затоа внимавајте дае бидете грешно сфатени. Сакате некои работи и некои луѓе да ги ставите на прво место.

Водолија
Тема на денот се работата и здравјето. Не дозволувајте некои ситници да ве оптеретуваат и да ви ги расипат слободните моменти. Луѓето очекуваат да ве видат ведри и насмеани. Ќе успеете да одглумите дека сте задоволни, но блиските ќе приметат дека нешто не е во ред со вас.

Риби
Размислувате за љубов, бидејќи имате желба да го зацврстите односот со партнерот. Доцна се сетивте, пропуштените шанси тешко можат да се надокнадат. Доколку сте во емотивна врска со Девица, нема се да тече лесно. Ве очекуваат изненадувања.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *