Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за сабота (08.12.2018)

Овен
Ја сфаќате ситуацијата и се обидувате да ја пребродите кризата со сериозна акција. Нервозата никаде не ве води, туку само ви штети, како на физичкото, така и на психичкото здравје. Можеби оттука и главоболката, или пак ви ја задава една Риба од непосредната околина.

Бик
Бидејќи ви е потребно многу повеќе напор, отколку што сте замислиле како да ја пребродите кризата, не се чувствувате најдобро. Важно е дека проблемот ќе биде решен, а недоразбирањата измазнети. Доколку по секоја цена настојувате да ја истерате правдата, ќе направите голема грешка. Сетете се дека тивката вода брег рони.

Близнаци
За припадниците на знакov, денеска ќe се јават дополнителни проблеми. Тие се однесуваат на сите сегменти на животот, но нема сомневање дека успешно ќе ги пребродите, ако го засилите вниманието и го тренирате трпението. Само опуштено и смирено.

Рак
Бидејќи им помагате на другите, тоа по обичај го правите крајно несебично. Единствено вас може да ве заболи фактот дека кога вам ви е најнеопходно, нема кој да ви се најде при рака. Но, што да се прави, кога сами за себе создадовте слика за незаменлива личност, па другите и така се однесуваат. Планирате патување.

Лав
Одлично соработувате со околината, среќни сте и задоволни. Не е ни чудно, кога којзнае по којпат сте вљубени, ако не во некој друг, барем во самите себе. се оправувате од болеста, која во многу нешто ве спречуваше и планирате нови деловни потфати.

Девица
Пред вас е релативно напорен ден во секој поглед. Само сталожена личност може од тоа максимално да профитира. Не се сомневаме дека тоа ќе бидете токму вие. Рационални сте, стрпливи и се што правите, правите со перфекција. Ве служи и среќата.

Терезија
Бидејќи имате чувство дека околината кон вас се однесува свирепо, сакате да возвратите со иста мерка. Мора да ја разработите тактиката, зашто денешните проблеми се посериозни отколку што претпоставувате. Во односите со спротивниот пол, евидентна е желбата за воспоставување на доминација.

Скорпија
Искористете ги енормните количини на творечка енергија и не дозволувајте да ве фати мрза. Ќе имате успех во областа за која сте тесно специјализирани, но и во другите сегменти од животот. Остварувате интересни контакти и познанства. Главата ви е полна со разни впечатоци. Некој нов, на мала врата доаѓа до вашето срце.

Стрелец
Се наоѓате во состојба на среќа, а за тоа да немате конкретни причини. Се советува внимание, зашто може да станете жртва на разни махинации. Затоа отворете ги очите кога ракувате со пари, или давате ветувања. Поради собраните течности во организмот, користете диуретици.

Јарец
Дел од припадниците на знакот, повеќе од времето ќе минат во сонување, додека можностите минуваат. Мора да бидете поактивни, јасно да ги спроведувате идеите во дело, зашто возовите минуваат. Кога ќе сфатите што сте пропуштиле, ќе биде доцна.

Водолија
Активни сте и енергични, така што остварувате се што ќе ви падне на памет. Бидејќи сфативте дека подобро функционирате во тим, отколку самостојно, се впуштате во разни комбинации и од нив извлекувате корист. Доколку некој се обиде да ве вознемири, не му дозволувајте да ужива во тоа.

Риби
Ако имате здравствени проблеми, обидете се на нив да реагирате сталожено и доколку тоа е можно, одложете ја посетата на лекар, поради можноста од погрешна дијагноза. Многу работи што ви се случуваат се по малку непријатни, а вие, бидејќи сте идеалистички расположени, не ја сфаќате сериозноста на ситуацијата.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *