Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (08.11.2018)

Овен
Искористете го доброто расположение и позитивниот однос кон другите за тимска работа. Вие сте личност која никако не може да функционира сама, а во исто време сте напорни за околината. Бидејќи денеска не е така, дружете се, соработувајте и сакајте. Чувствата ќе ви бидат возвратени.

Бик
Бидејќи вредностите се широк поим, некои Бикови ќе бидат свртени кон парите, а некои во другите ќе се обидат да пронајдат морални, интелектуални и други квалитети. Бидејќи апетитот е зајакнат, склоноста кон слатките е изразена, а опасноста од вишок на шеќер во крвта – голема.

Близнаци
Уметничката црта на карактерот моментално е изразена, но и желбата за задоволување на креативните потреби. Се’ е индивидуално, па слушајќи го внатрешниот глас, ќе успеете да реализирате некои таленти. Нема Близнак без таленти, само во трка со времето ги забораваат.

Рак
Интелектуалната црта на карактерот моментално е изразена, како и желбата што повеќе да дознаете и да направите. Но тука е и опасноста од површност. Не можете и квалитетно и квантитативно подеднакво добро да функционирате, па определете се за една од овие две можности.

Лав
Уживате во сјајот на сопствената личност. Оптимист сте и сакате само за убави работи. Шансите за напредување постојат, но и судирите што произлегуваат од арогантно однесување. Поведете повеќе сметка за исхраната, како и за законските прописи.

Девица
Своето внимание го насочувате кон убави работи, пред се’, љубовта и уметноста. Има ли нешто поубаво? Повеќето Девици доживуваат златни моменти во љубовта, па пожелно е да не размислувате во стилот „што би било, кога би било“, туку да се опуштите и уживате.

Терезија
Доколку се укажат шанси да отпатувате некаде на кратко, неизоставно прифатете. Потребата за промена би требало да одговара на вашите критериуми. Ќе се обидете читајќи адекватна литература да најдете решение за своите проблеми. Денот е поволен за сите сегменти на животот. Не пропуштајте ништо.

Скорпија
Нервоза предизвикана со судир на авторитетите. Доколку некој, според позицијата повисоко од вас, се обиде да го омаловажи вашиот труд, ќе се нервирате зашто немате храброст да му се спротивставите. Доколку тој некој биде од понизок ранг, тешко нему. Сиот свој бес ќе го истурите на него.

Стрелец
Оптимистичкиот пристап е во прв план. Тоа не се случува често, па обидете се да ги искористите поволните влијанија и од нив максимално да профитирате. Би требало конечно да го елиминирате негативниот пристап кон една на прв поглед нерешлива ситуација.

Јарец
Имајте на ум дека пресилните зборови можат да бидат убиствени, зашто можете да се најдете во слична ситуација. Кавгаџиски сте расположени, склони да барате влакно во јајце и да исправате неважни работи. Прашањето е до кога… Се’ додека не ги решите проблемите на ниво на личноста.

Водолија
Активни сте и комуникативни надвор од сите очекувања. Некој друг на ваше место одамна би се откажал, но вие упорно си терате по свое. До израз доаѓаат сите ваши квалитети, особено организаторскиот талент. Доколку има ситни пречки од страна, нема да им придавате важност.

Риби
Минувате низ ментална, емотивна и физичка криза. Ситуацијата бара решителност, која за жал, ја немате. Од малку луѓе имате помош, а поддршка немате од никого. Најмногу ве боли фактот дека личностите во кои најмногу вложувавте ви го свртеа грбот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *