Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за недела (08.10.2017)

Овен
Различните финансиски планови што сте ги започнале изгледаат комплицирано. Важно е да се концентрирате на своите приоритетни цели. Не дозволувајте некој да ве обесхрабри со своите песимистички прогнози. Повремено имате лоша процена и очекување на расплет на случувањата од љубовниот живот.

Бик
Дополнителниот ентузијазам и проширена работна иницијатива ќе ви покажат дека сте од голема корист. Во својот типичен манир сте осмислиле идеален план со намера да ги остварите своите практични резултати на различните страни. Добро се снаоѓате во ситуација кога треба да донесе важна одлука .

Близнаци
Повеќето околности се на ваша страна, се наоѓате во одлична психофизичката форма и имате амбициозни работни планови. Со одредена доза мудрост и професионална тактика, лесно можете да се наметнете пред соработниците кои имаат важна улога во работните преговори. .

Рак
Успевате да ги остварите своите основни намери на некој заобиколен начин и во дополнителен ментален напор. Дејствувате одлучно и снаодливо во решавање финансиски проблеми, но тоа ви носи моментална сатисфакција и олеснување. Потребно е да се определите за ново или ефикасно решение. .

Лав
Во правец на промисленост и дополнителна упорност успевате да ги победите проблемите што ви го нарушуваат секојдневниот работен ритам. Важно ви е да ги завршите планираните обврски во одредениот рок. Во љубовниот живот дејствувате прилично промислено и трезно. .

Девица
Потребно е да се дистанцирате за комплетната ситуација на работната сцена да ја процените на повеќе страни, пред да ја донесете и соопштите конечната одлука. Составете листа на приоритети и јасно дефинирајте ги своите цели. Повремено вашите чувства и разум се наоѓаат во иста насока, но тоа нема да ви попречи за да ги остварите своите љубовни намери.
Терезија
Неделава ќе ја одбележат нови почетоци и зголемен оптимизам. Ќе успеете да го постигнете долгоочекуваниот баланс на самите со себе, што дополнително ќе ве направи да се чувствувате задоволни со себе. На работното место од вас ќе се бара да донесете некоја конечна одлука, која по бројните пречки ќе се покаже како најсоодветно решение.

Скорпија
Вашето здравје е на одреден начин загрозено. Причините за тоа ги има безброј, но ако подобро погледнете ќе сфатите дека не е се’ така црно како што ви изгледа на прв поглед. Можеби и претерувате кога пред вас си поставувате цели кои не можете да ги завршите во зададен рок. Не важи секогаш правилото дека Девиците можат се’.

Стрелец
Имате добра визија и важно ви е да ја подобрите својата позиција и влијанието на работната сцена за да ги остварите своите цели. Потребно е да го процените точниот исход во некои важни преговори. Меѓутоа, ве следи чувство на неизвесност, бидејќи соработниците често го менуваат своето мислење или, пак, одлуките.

Јарец
Повремено ви недостасува дополнителна концентрација за да се ангажирате во некои паралелни случувања кога се решаваат важни работни интереси. На соработниците им е важно да се чуе вашето мислење, но важно е да постојат работи за кои не треба јавна расправа.

Водолија
Се’ повеќе сте заинтересирани за некои нови работни идеи или нечии понуди. Ви се допаѓаат современите решенија и ненадејните можности за да ја зголемите својата заработка. Понекогаш изгледате нескромно во процената на личните можности, но, сепак, не можете да прескокнете одредени фази во работата што водат до завршни резултати.

Риби
Во согласност со својата основна ориентација, важно ви е да бидете забележани во деловните кругови. Вашите идеи звучат интересно, но немојте да ги скратите утврдените правила во односот со соработниците. Потребно е да го зачувате работниот однос и своите интереси.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *