Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (25.04.2023)

Овен
Бидејќи се изборивте со карактерот на еден Лав, ви останува да се занимавате со новосоздадените ситуации. Не мудрувајте над сопствената судбина, туку тргнете во конкретна акција. Резултатите можеби ќе задоцнат, но ќе бидат остварени. Откажете се од помислата нешто да решите набрзина.

Бик
Хиперактивни сте и подложни на влијанието на околината. Премногу се соживувате со туѓите проблеми, што не е пожелно кога станува збор за тажни чувства. Дружете се со весели луѓе, смејте се и шегувајте се. Само така ќе ја засилите и ќе ја поправите моменталната состојба, а таа е благо депресивна.

Близнаци
Партнерот ви дава поддршка да истраете. И тој е многу заслужен за успехот што ќе го постигнете. Дали тој успех ќе биде деловен или приватен, дали станува збор за венчавка или за поднова? Прашања има безброј, како и човечки судбини. Оние што не се наоѓаат во овие редови, нека се свртат спрема работата.

Рак
Бидете реални кога се во прашање вашите психофизички можности, тоа може да доведе до здравствени пречки. Ситуацијата бара ризик, но само така ќе можете да профитирате. Не претерувајте со одлуките, добро размислете и повеќе пати мерете пред да сечете.

Лав
Се чувствувате внатрешно напнати, па се обидувате да се ослободите од тоа чувство. Ќе успеете доколку се дружите, а вашиот проблем се однесува на пребавна разврска на еден конфликт. Бидејќи ве издава трпението, мислите дека решението е патување или промена на работата.

Девица
Можеби премногу верувате во сопствените можности, суетни сте и нескромни. Сакате да ви биде удобно и дружењето денеска е нагласено. Само Лав може да ги задоволи вашите моментални тежнеења и да ве разбере. Ископајте го од телефонскиот именик, љубовно случување е на повидок.

Терезија
Размислувате за судбината, барате одговор на она што ви се случува. Можеби извесни грешки се провлекуваат поради невниманието спрема себеси и сопствените проблеми. Повеќе време поминувате анализирајќи ги туѓите проблеми, така можеби никогаш нема да може да се свртите спрема себеси!

Скорпија
На здрав начин се обидувате да соберете и да покажете сила и волја за да задоволите некои свои потреби. Бидејќи се наоѓате во фаза на просперитет, пријатно се чувствувате, но може да се јави желба да трошите преку своите можности.

Стрелец
Денеска вашата жива природа е во прв план. Ви паѓаат на памет разни идеи, имате многубројни желби и интереси. Бидејќи по обичај се расплинувате, обидете се на нешто конкретно да се концентрирате. Бидете посистематични и работете ги нештата по ред.

Јарец
Бидејќи пред вас е напорен ден, обидете се да се одморите и да намалите дел од обврските. Не е се така итно како што изгледа на прв поглед. Оставете малку време за кафе со пријателите, разговор со партнерот и за шопинг. Ќе успеете да направите се ако добро го организирате времето.

Водолија
Успешно комуницирате со околината, ако не директно, тогаш ментално. Бидејќи сте комуникативни и расположени со некого да ги поминете слободните моменти, ќе се обидете тој некој навистина да ве задоволи во секој поглед. Свртете се кон позитивни и ведри лица.

Риби
Нека не ве зачуди желбата за необични нешта и случувања. Преокупирани сте со метафизика, можеби и повеќе отколку што е потребно. Важно е добро да се чувствувате и ви годи она со што се занимавате. Некои од вас размислуваат за неверство.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>