Овен
Одлучени сте со сите сили да ги решите проблемите и да ставите точка на сe. Немилосрдни сте во тој поглед. Не бирате средства, сметате дека долго трпевте и веќе не можете да издржите. Однесувањето ви е делумно исправно. Бидете свесни дека проблемите не се решаваат со еден потег.
Бик
Слободните моменти поминете ги во друштво со пријателите, кои од ден на ден се се’ помалку. Немате ни време ни сила да трпите нечија тортура. Доколку немате корист од одредени лица, потрудете се да се дистанцирате. Насочете се кон партнерот.
Близнаци
Не успевате да предвидите нечиј одговор ниту, пак, да воспоставите добар однос со соработниците. Немате причина да бидете нервозни, побарајте морална и материјална поддршка. Партнерот вешто ги игнорира вашите идеи, потрудете се да го сфатите значењето на таквото однесување.
Рак
Желбата за докажување е зголемена . Склони сте кон вербални напади и влегувате во расправии. Сето тоа го правите без причина, само повеќе се нервирате. Од една страна, важно ви е мислењето од партнерот, а, од друга страна, тврдоглаво продолжувате по свое.
Лав
Ве очекува успех на работното место, финансиите, но и на љубовен план. Доколку одлучите да раскинете со партнерот, сфатете го тоа како исправна работа. Решавате конфузија и застои кои долго време ве оптоваруваат. Внимавајте на здравјето.
Девица
Денот е во знак на пријатни љубовни изненадувања и искуства. Интригантниот однос на партнерот и неговата желба за повлекување и прекин дополнително ве стимулира. Сакате да освојувате, а тоа моментално и го правите. Имате нова „жртва“ која сигурно ќе падне на вашиот шарм.
Терезија
Ќе бидете во ситуација да располагате со туѓи пари или да барате на заем. Се се врти околу материјалните вредности, но и околу љубовта, уметноста и парите. Со нив не умеете многу, а што да правите кога ви се лизгаат од раце. Бидете трпеливи и смирени.
Скорпија
Сонувате за патувања и работи кои се далеку од реалните проблеми. Чувствувате потреба да уживате во квалитетни контакти и да читате филозофска литература. Важно е да најдете златна средина помеѓу реалниот и фиктивниот свет. Ќе ви годи краток одмор.
Стрелец
Сакате да ги промените професионалните обврски и не обрнувате внимание на лица кои ви пречат и се критични кон вас. Не можете да му угодите на секого, но се што правите со позитивна тенденција остава добар впечаток на вашите соработници.
Јарец
Расположението ви се подобрува со зголемувањето на финансиите. Доколку се занимавате со работи поврзани за техника, ќе бидете во ситуација да ги покажете своите квалитети. Сега само треба да бидете вешти и да го зачувате она што сте го постигнале.
Водолија
Повеќе сонувате и планирате што да преземете конкретно. Можеби тоа е добро ако се занимавате со уметност и хоби, но никако за практичен живот. Ситуацијата бара конкретни радикални потфати, на кои вие денес очигледно не сте подготвени. Немојте да им се жалите на пријателите.
Риби
Полни сте со идеи, затоа и ве очекува поволен исход од се’ што ќе започнете, како и ненадејна промена на судбината. Ова е вистински момент за практично да тргнете со шпекулации и финансиски трансакции. Ако исполните половина од она што е испланирано, ќе бидете задоволни.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!