Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (13.03.2023)

Овен
Искористете го вистинскиот момент за да ја остварите деловсната идеја: нема сомнение дека ќе успеете. Бидејќи среќата обично оди во комплет, не можете да се пожалите ни на личноста покрај себе. Под услов да сте осамени, излегувајте колку што можете повеќе и дружете се. Моментот за љубов, тукушто настапи.

Бик
Чувствувате силна потреба за љубов, иамте сила да се борите со предизвиците и исклучителна творечка моќ. Не навалувајте на партнерот со сила, ако сакате да доживеете убави, дури и незаборавни моменти. Бидете понежни, посуптилни, не ги покажувајте грубо своите чувства. Среќни сте и вљубени.

Близнаци
Доколки си го зададете невозможното и ги прецените своите можности, нервната напнатост неминовно ќе настапи. Затоа мора да ги намалите апетитите. Бидејќи поседувате зајакнати ментални способности, ќе избегнете опасност од измама. Слободните моменти минете ги занимавајќи се со нештата што ги сакате. Стрелците се добитна комбинација.

Рак
Во елемент сте. Успевате максимално да се опуштите и да уживате. Кусата пауза искористе ја да ги наполните батериите, зашто пред вас се животните искушенија. Моментално, пријателите и љубовта се заслужни за состојбата на среќа и убавиот изглед. Уште кога би успеале да ја намалите порцијата и да се дисциплинирате во исхраната, каде би ви бил крајот?

Лав
И понатаму сте под впечаток од извесни случувања. Не се надевавте дека нештата ќе тргнат по овој тек , но имавте многу среќа. Добро се чувствувате, расположени сте и комуникативни. Имате време за с?, па и за љубов. Ја ширите на сите страни во толкава мерка, што сте вистински rасипник. Водете сметка да не ги потрошите сите адути.

Девица
Нервозата е придружно чувство што може да ве блокира. Обидете се да не обрнувате внимание на неа, туку свртете се на работата и нештата што ви претставуваат задоволство. Не влегувајте во расправи. Бидете потолерантни и не ги преценувајте своите можности. Луѓето околу вас не можат да ја следата динамиката на менталниот склоп на една Девица. Единствено на Близнаците и Стрелците тоа им поаѓа од рака.

Терезија
Пред вас е успешен ден. Се чувствувате добро и таквата состојба поделете ја со најблиските. Бидејќи припаѓате на еден од најнесебичните астролошки знаци, умеете да делите и добро и зло со околината. посебно сте успешни во она првото. Затоа сте сакани и радо видени на секое место. Блазе си ви.

Скорпија
Сте забележале ли дека често мислите дека сте најпаметни. Не сте ни свесни колку на околината ? пречи вашата самоувереност и самозадоволство. Тие маани мора под итно некако да ги совладате, зашто во спротивно може да трпи не само пријателството, туку и љубовта и бракот. Партнерот веќе размислува за радикални чекори. Затоа- памет во глава.

Стрелец
Периодот на леснотија и оптимизам се менува со незадоволство и нервоза. Ја прифаќате лажната слика за себе, што ја создавате за другите. Работата не смее да ги почувствува вашите слабости, но затоа семејството може. Тоа е одличен вентил з апразнење. Сте се прашале ли до каде ќе можете да го издржите ваквото однесување? Не грижете се – наскоро ќе бидете како нови.

Јарец
Успешен деловен период. Бидејќи сте подготвени за соработка и компромиси, со леснотија ги остварувате идеите. И повеќе од тоа: одлично се чувствувате, зашто владеете со ситуацијата на сите полиња. Посебно ве радува фактот што успеавте да се ставите под конторла. Во целата ситуација, тоа беше најтешко.

Водолија
Иако ситуацијата бара проверка на нервите, успешно ја надминувате. Брзоплето носите одлуки, молневито дејствувате, но брзината и развојот на настаните му одговара на вашиот темперамент. Се советува одмор и пасивно комуницирање во вид на водење на преписки. Метаболизмот е лош, собирањето на течности во организмот големо, па од таму и чувството на тромавост.

Риби
Рибите – бизнисмени може да очекуваат деловен успех. Уште ако се занимаваат со трговија… Ќе има поволни аранжмани, но и пари. Сите ги критикуваат Раковите дека се зависници од пари, но нежните Риби во тоа ги надминуваат. Навистина, тие ги мразат парите, па тоа е една од причините што толку брзо ги трошат. Сепак, сочувајте нешто и за црни денови.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>