Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за сабота (08.02.2020)

Овен
Минувате незаборавни моменти со лица родени во знакот на Бик или на Вага. Не е важно колку ќе трае таа среќа, уживајте и заборавете на ситните глупости што ги носи секојдневјето. Дружете се и излегувајте надвор.

Бик
Проблемот од емотивна природа станува повеќе од непријатен. Ви недостасува толеранција кога е во прашање партнерот, а тоа мора да го контролирате. Потрудете се да избегнете секакви расправии.

Близнаци
Ситуацијата бара максимум трпеливост што не ја поседувате. Оттаму се и недоразбирањата не само со околината, туку и со себе. Треба да ги зачувате нервите за посериозни проблеми. Филмовите ќе го подобрат Вашето расположение.

Рак
Проблемите што ги имате веќе подолго време се провлекуваат. Неспособни сте да се приспособите на околината, па затоа најдобро е да се дистанцирате. Ве очекуваат и недоразбирања со партнерот, променете ги сопствените ставови.

Лав
Немате енергија, па работата може да биде во застој. Попасивни сте од вообичаено, но тоа воопшто не ве вознемирува, насочени сте кон нова љубов. Фантазијата е одлична како компензација за киксовите што ги направивте во последно време.

Девица
Евидентно е нервирањето поради секоја ситница, а ја оптоварувате и околината. Доколку забележите дека луѓето ве избегнуваат, ќе знаете за што станува збор. Не однесувајте се како да сте центар на светот. Можни се здравствени проблеми врзани за црниот дроб.

Терезија
Влегувате во период кој од вас го бара она што го имате во изобилство, силата. Променете ги животните услови на подобро. Ве очекуваат бурни емотивни случувања, дочекајте ги подготвени. Размислувате за нови пријателства.

Скорпија
Прекрасен ден, конечно, можете да им се препуштите на сите животни радости. На себе својствен начин уживате во среќата. Она што посебно Ве прави задоволни е мирот што го најдовте во себе. Партнерот, конечно, ги признава грешките.

Стрелец
Денот не е поволен за решавање на професионални проблеми и склучување договори. Доколку сте во каква било врска со здравствена установа, не надевајте се на поволен исход. Од Вас се очекува да бидете трпеливи, но, за жал, полека ги губите нервите.

Јарец
Исклучително пријатен ден особено кога е во прашање љубовта. Ќе бидете опкружени со луѓе што ќе ви причинуваат задоволство. Пред Вас се незаборавни моменти, а колку ќе профитирате од тоа зависи од ситуацијата. Секој човек е ковач на својата среќа.

Водолија
Водете сметка да не се изгубите во многуте планови. И покрај тоа што сте способни да решите секаков проблем, мора да го забавите темпото и да се насочите кон себе. Тоа е најдобар начин да дојдете до душевен мир што повремено Ве напушта.

Риби
Може да се каже дека сте во целосен хаос, барем кога се во прашање емоциите. Со оглед на тоа што ваквата состојба премина во хронична воопшто не сте загрижени. Насочете се кон оние области од животот во кои сте најуспешни.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>