Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (08.02.2018)

Овен
Се вљубувате на прв поглед, почесто отколку припадниците на другите знаци. Некој, повторно опасно ве заинтригира. Се нервирате, зашто ситуацијата е крајно неизвесна. Не сакате да брзате, но ни да чекате. Ни сами не знаете на што сте. Неизвесноста ве доведува до лудило. Бидете трпеливи.

Бик
Активни сте и упорни. Се наоѓате во нејасна емотивна ситуација, која ви го одвлекува вниманието. Наместо да се свртите кон корисните нешта, се губите во правењето планови врзани за одредена личност. Доколку ви се укаже можност некаде да отпатувате, задолжително искористете ја. Голема страст!

Близнаци
Иронични сте и кавгаџија во толкава мерка што станувате опасни за околината. Контролирајте се, зашто може да имате проблеми, со оглед на засилената желба за доминација. Никој не сака да му се држат лекции, па ниту вашето опкружување, особено ако се земе предвид дека во последно време повеќе зборувате, отколку што работите.

Рак
Бидејќи никако не ви одговара тимска работа, обидете се да ескивирате. Сами ќе постигнете подобри резултати и ќе бидете задоволни. Чувството дека извесни личности ви одземаат од енергијата, не е без основа. Иако се добронамерни, не ви годат. Веројатно научивте како треба да се однесувате во тој случај.

Лав
Евидентно е променливото расположение, придружено со изливи на незадоволство. Бидејќи се трудите за себе да создадете лажна претстава, ги потиснувате неуспесите. Лажејќи ги другите, всушност вие се лажете себеси. Се определивте за најлошата варијанта. Единствено отворен разговор ги решава натрупаните проблеми.

Девица
Работа, пред се’! Бидејќи со перфекцијата и авторитативниот став почнавте да претерувате, обидете се да влезете во нормала. Сите во тимот со кој работите немаат исто мислење. Мора да бидете потолерантни и да сфатите дека вистината има повеќе варијанти. Не сте секогаш во право. До успехот можете да дојдете по покус пат.

Терезија
Иако не се чувствувате најдобро, активни сте во општествениот живот. Ја избегнувате осаменоста, бидејќи таа ве тера да размислувате за болести и немоќ. Се советува извршување на најнужните работи и намалување на контактите. Колку повеќе одмор и квалитетна храна збогатена со витамини, толку сте поблизу до вистинското решение.

Скорпија
Понекогаш сте тешки како земја! Не сте ни свесни колку ја оптоварувате околината со своите проблеми. Штом тие ќе исчезнат, се примирувате и себично уживате во сопствениот мир. Многумина го сфатија вашиот стил. Оние што не сфатиле, ќе имаат мака да ви докажат дека залудно се нервирате. Бидете помалку невротични.

Стрелец
Сфаќате дека партнерството во кое влетавте е повеќе од успешно. Ќе бидете во ситуација да правите нови планови, ширејќи го делокругот на работата. Свртени сте повеќе кон практичните нешта и стекнувањето, отколку кон емоциите. Бидејќи намирисавте заработувачка, ова другото малку ќе почека.

Јарец
Бидејќи сте непоправлив идеалист, не е ни чудо што сте незадоволни. Морате, конечно, да се спуштите на земја, да ја сфатите околината и да и’ се приспособите. Во спротивно, болеста не ви бега, особено во овие денови, зашто можноста од вирусни инфекции, придружени со алергија е повеќе од можна. Внимателно и ќе ги избегнете непријатностите!

Водолија
Се’ повеќе имате проблеми. Здравјето е на прво место. Кога ќе елиминирате една опасност, веќе се јавува нова. Забоболката може да донесе непроспиена ноќ. Уште кога на тоа ќе го додадете судирот со шефот, или соработникот, речиси е чудно како сте нормални. Прашајте се во што е вашиот дел од вината. Премногу се одморате.

Риби
Бидејќи, веројатно, ќе имате проблеми со домашните апарати, ќе мора да штедите. Не дозволувајте таквите работи да ве извадат од колосек зашто се нормална појава. Она што е присутно веќе подолго време, е беспарицата. Постојано сте во фаза на составување крај со крај. Самите сте виновни за тоа. Бидете внимателни!




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *