Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (23.03.2022)

Овен
Полни сте со работен елан, така што сите планирани работи ќе ги извршите брзо и успешно, но и со голема заработка. Бидејќи сте задоволни со развојот на емотивната ситуација, помислете на подарок, со кој ќе ја усреќите саканата личност. Не дозволувајте да ве обземе овновската тврдоглавост и непромисленост, бидејќи последиците може да бидат фатални.

Бик
Убав ден. Бидејќи пред вас е обемна работа за која однапред знаете дека нема да биде лесна за реализирање, дополнително ќе бидете мотивирани за работа, но успехот нема да изостане. Не дозволувајте да ја изгубите самоконтролата само затоа што околината ве провоцира. Свртете се кон убавите нешта, на пример, кон љубовта.

Близнаци
Под услов да се занимавате со професија што ви дава сигурност, можете да бидете задоволни. Во спротивно, ќе се нервирате. Бидејќи сте свесни и за двете варијанти, одлучете се за онаа што ви одговара. Работата ќе ви помогни да го зачувате и онака осетливиот нервен систем. Спасот е само во работа.

Рак
Она што тешко ви паѓа е сознанието дека немате кому да му се доверите. Имате потреба да разговарате со некого за да ви олесни, но моментално тоа е невозможно. Се одлучувате за уште поголема изолираност. Мора да се коригирате во таа смисла.

Лав
Иако се обидувате да ги средите брачно-партнерските односи, ќе констатирате дека немате голем ќар од тоа. Тоа ве излудува, како и сознанието дека немате на кого да се потпрете. Бракот или врската веќе подолго време е во криза, па е потребно и дефинитивно разјаснување.

Девица
Бидејќи не можете да кренете глава од работа, ќе бидете напнати. Ни тоа не е лошо, затоа што кога ќе помине деловниот хаос, ќе имате време за релаксација. Пожелно е да посветите поголемо внимание на здравјето. Исцрпеноста и нередовната исхрана може да доведат до здравствен проблем од хронична природа.

Терезија
Незадоволни сте, иако на момент се обидувате да побегнете од таа состојба. Што е интересно, тоа ви успева кога сте во друштво на пријатни луѓе. Кризата настапува кога останувате сами, правите пресметки и доаѓате до сознание дека сте во минус. Брачните недоразбирања се минливи.

Скорпија
Денот е поволен за работа, но не и за љубов. Затоа свртете се кон оној сегмент од животот во кој моментално сте најуспешни. Љубовта може да почека подобри времиња. Скорпиите во брак се подготвени да му најдат илјада мани на партнерот, а себеси ниедна. Бидете објективни, бидејќи идеали не постојат.

Стрелец
Бидејќи ве очекува успешен ден, не дозволувајте да го упропастите со некои безначајни ситници. Уживајте во него и дишете со полни гради. Не сте свесни колку сте среќни, но ќе бидете кога ќе сфатите дека среќата исчезнала. Љубовта ви цвета, работата исто така, како и уметноста.

Јарец
Остварувате успешна комуникација. Се трудите слободното време да го помините надвор од дома. Копнеете да ги видите вашите добри стари пријатели. Тие со своите совети ви помагаат да ја совладате долгата емотивна криза. Понекогаш добронамерниот совет вреди богатство. Размислете за тоа.

Водолија
Тешко на оној што ќе се најде на вашиот удар. До израз доаѓа мрачната страна на вашиот карактер. Бидејќи живеете во светот на лагата и измамата, само го потиснувате здравствениот проблем, а никако не го решавате. Сами сте си најлош непријател. За уметниците тоа не е лошо.

Риби
Сфаќате дека односот со извесна личност е крајно неизвесен. Доколку се работи за емотивна врска, тогаш тоа е ништо друго освен чисто промашување. Причината за ваквото размислување лежи во чувството на инфериорност. Бидејќи не се цените доволно, нормално е што и другите се однесуваат така. Затоа памет во глава и бидете реални спрема себе.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>