Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (07.12.2018)

Овен
Доколку се потрудите да се потпрете на некого, ќе бидете изневерени. Бидете упорни и ќе го добиете она што го сакате. Некои планови ви се целосно нелогични. Добро размислете пред да тргнете во акција.

Бик
Здравјето ви е кревко. Не преценувајте се и не губете сила на безвредни работи. Работете го она што е неопходно и потрудете се да најдете хармонија во она што го сакате. Неопходни ви се одмор и избегнување расправии.

Близнаци
Имате проблеми со комуникацијата кои се последица на вашата желба сами да донесувате одлуки. Избегнувајте заплеткани ситуации и интриги. Потрудете се помалку да се занимавате со туѓи проблеми, доволно имате и свои.

Рак
Луѓето ви се обраќаат за совет кој несебично го давате. Им помагате во проблемите и тоа ве прави посебно среќни. Одлично функционирате на сите полиња, особено на професионално.

Лав
Пред вас е пасивен ден, потрудете се да промените нешто. Голем дел од вас ќе воспостават контакт со странство. Поради конфузната психичка состојба, може да бидете губитници. Очекувајте проблем со срцето или со притисокот.

Девица
Соработниците не ве разбираат, па пробуваат да ви противречат. Како да не знаат дека секогаш сте во право. Луѓето се површни, потрудете се да ги разберете и да се дистанцирате. Имате многу сопствени грижи и преокупации кои со сета сила се трудите да ги пребродите.

Tерезија
Доколку почнете да се расправате, ништо нема да постигнете. Партнерот не ве слуша, а вие постојано се нервирате. Памет во глава и гледајте си ја својата работа, одморајте се и уживајте. Метаболизмот ви е слаб, преземете нешто.

Скорпија
Одлично соработувате со Водолии, потпрете се на нив и со заеднички сили може да решите актуелен проблем. Работите со кои се занимавате бараат иновации, за кои целосно сте подготвени. Партнерот постојано е позитивен, уживајте.

Стрелец
Пред вас е исклучително активен период. Задоволни сте од сопствените квалитети, оптимистички му пристапувате на животот. Очекувајте промени на подобро во семејството.

Јарец
Не размислувајте премногу, само ќе се нервирате. Потребна ви е поддршка и внимание од семејството. Бидете внимателни со исхраната, здравјето не ви е стабилно, па се можни проблеми со дигестивниот систем.

Водолија
Создавате нови животни услови. Потребен ви е мал напор за да функционира се’ како што треба. Имуни сте на околината контактирате само со оние од кои очекувате некоја корист. Никој не може да ви се приближи.

Риби
Денот го поминувате во променливо расположение. Чувствителни сте и незадоволни. Моментално сте депресивни, но многу е битно да знаете што носи новиот ден. Бидете трпеливи и не оптоварувајте се со глупости.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *