Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (07.11.2018)

Овен
Доживувате фатални моменти со фатална личност. Овој ден ќе биде незаборавен за повеќето припадници на овој знак, секако, во позитивна смисла. Малку се оние кои имаат проблеми од здравствена природа или, пак, се жртви на злоупотребување. Максимално уживајте со саканата личност.

Бик
Исцрпеноста укажува на тоа дека сте се префорсирале или не сте го добиле она што ви е потребно. Доколку се свртите кон аскетското однесување и мистичните теми, имате шанса да ја избегнете болеста. Во спротивно, го комплицирате животот. Размислете околу саканата личност, зошто сте љубоморни?

Близнаци
Општата исцрпеност ве зафати неподготвени. Склоноста кон инфекции и вируси укажува на намален имунитет. Преземете нешто конкретно во врска со тоа. Практичната страна на личноста моментално е загрозена. Чувајте ги парите, документите и не планирајте ништо однапред.

Рак
Нервозата полека исчезнува. Се’ изгледа поедноставно и со успех го надоместувате пропуштеното. Важно е да посакате нешто и во таа насока да функционирате. Доколку сте биле внимателни во комуникацијата со Лавот, денеска прифатете го како неминовност. Ништо не ви може, посилни сте од него.

Лав
Љубовта е главна поттурнувачка сила на денот. Функционирате под нејзино силно влијание. Поседувате физичка сила и желба да разменувате нежност со саканата личност. Осамените припадници на овој знак имаат проблеми. Се советува да се занимаваат со спорт или да се дружат со внуците.

Девица
Штом лошо се чувствувате, станувате хипохондрични. Причини за такво однесување има, заморот е само една од нив. Главниот проблем е сознанието дека вложувавте во нешто што можеби не е вредно да се трудите. Не очајувајте, туку обидете се да се извлечете од нелагодното искуство со поука.

Вага
Тамам ќе се релаксирате и ќе почнете да уживате, кога настапуваат случувања кои не ви даваат мир. Некои работи не сте ги направиле како што треба и тоа се врзани за здравје. Исхраната е во прашање. Пожелно е да биде што поквалитетна, но и слатките да ги замените со овошје.

Скорпија
Имате обврски кои ги прифаќате одговорно. Додека сте концентрирани за решавање на деловните и другите проблеми, не чувствувате напнатост. Штом ќе настапи празен од, инхибицијата станува составен дел на вашиот животен став. Имате проблеми со забите и коските.

Стрелец
Додека летате во облаците и губите време, другите ја заземаат вашата позиција. Додека мудрите се надмудруваат, паметните се наживуваат. Вистински момент е да се опаметите, и да почнете да размислувате во врска со околностите. Ако се брчкате во море, имате оправдување за таквиот став.

Јарец
Чувствителни сте на се’ и на секого, па се советува дистанцирање од луѓе кои ве оптоваруваат, како и напорни случувања. Обидете се да си угодите себеси, кога тоа веќе не сакаат другите. Најдете внатрешен мир, другите само ви одмагаат. Свртете се кон семејството и спортот.

Водолија
Прифатете туѓи сугестии и ублажете го проблемот. Добро ви доаѓа дружењето со истомисленици, така што воспоставувате друштвени контакти. Желбата за љубов е силна, па партнерот ќе го повикате на состанок. Во вашиот живот се’ оди во крајност.

Риби
Се обидувате да го споите корисното и убавото. Работите со љубов, уживате, а истовремено сакате и да заработите пари. Доколку не добиете пари овие денови, наскоро сигурно ќе стигнат во огромно количество. Оние иновативни Риби ќе имаат среќа без труд да заработат.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *