Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (07.11.2017)

Овен
Сите ваши потфати се успешни. Успевате да ги усогласите зборовите и делата, така што фантастично функционирате. Искористете ги овие моменти, бидејќи не се случуваат често. Се занимавате со работи кои ви носат пари и профитирате. Избегнувајте неискрени потези.

Бик
Само што ќе решите една непријатност се јавува нова. Морате да се челичите и да сфатите дека животот е посериозен отколку што вие го замислувате. Можеби непријатностите се опомена дека нешто не правите како што треба. Можеби сте преморени, па ви е потребен одмор.

Близнаци
Успешниот период и понатаму продолжува. На општо чудење на околината, ја совладувате кризата. Ви се нудат работи и заработка, под услов длабоко да не сте загазиле во годината. И ако сте загазиле, тоа најмалку ви пречи. Што се постари, Близнаците се пошармантни и понеобични.

Рак
Дали сте размислувале за тоа дека вашата желба за супериорност го оптоварува опкружувањето? Луѓето околу вас мислат дека немате доволно причини за препотентно однесување. Доколку сакате на мир да уживате во следните случувања, пожелно е оваа особина да ја ставите под контрола. Поминувате низ криза.

Лав
Расположението е променливо. Моментално планирате купување, а не сте доволно богати ни да купувате евтини нешта. Нешто што ви е потрбно и за што долго размислувате – се покажа како поволно. И кредитот може да го користите. Понатаму сте во фаза за борба за опстанок.

Девица
Повеќе околности влијаат на расположението. Храбро го проверувате трпението, се обидувате да го одржите дадениот збор. Многу припадници на знакот, посебно оние што сфатиле дека врската во која се наоѓаат не е добра, планираат кардинални резови. Промените добро ќе дојдат.

Терезија
Се обидувате со својот авторитет да постигнете нешто што не сте во состојба да го постигнете со убави зборови. Што да се прави кога морате да се додворувате да ја натерате околината да прави работи кои вие ги сакате. Тоа не се однесува само на професијата туку и на останатите сегменти во животот.

Скорпија
Не ги повторувајте грешките од минатото, посебно љубовните. Доколку порано се испековте, а се однесувате слично, ќе биде уште полошо и поболно. Тоа се однесува и на другите сегменти од животот. Морате да почнете да учите на сопствените грешки, така ќе бидете најдобри и најуспешни. Добро ви доаѓа самотијата.

Стрелец
Се ви е рамно. Влечете несигурни потези и никако да ги увидите грешките. Денес можат да ви се простат овие постапки, бидејќи нешто го блокира вашиот ментален склоп. Можеби тоа е склоноста кон настинки, или едноставно лошо планетарно влијание. Не донесувајте одлуки пребрзо.

Јарец
Бидејќи ретко чувствувате потреба да бидете сами, остварете си ја оваа желба. На мир ќе можете да ги сумирате случувањата и од дистанца да го увидите својот степен на одговорност. Ви се нуди нова привлечна работа која ветува добра заработка, но сепак добро размислете.

Водолија
Срамежливоста во овој период ќе биде посилна од вас. Оваа особина во голема мера се одразува на емотивниот живот. Не сакате во односите со спротивниот пол да бидете директни, бидејќи мислите дека личноста со која го поминувате времето многу добро ве познава. Морате да бидете подиректни и провокативни.

Риби
Љубоморни сте на успехот на околината, иако тоа го криете. Не сте свесни дека всушност станува збор за субјективна проекција која доаѓа до вашата глава. Само оние Риби кои работеле на себе ќе ги сменат сопствените слабости, ќе се однесуваат спонтано и нормално. Другите ќе чувствуваат гнев.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *