Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (07.09.2022)

Овен
Кога ќе посакате нешто, тешко го добивате. Ова особено се однесува на љубовта и настојувањата партнерот да падне под ваша доминација. Потрудете се да се усогласите со партнерот, бидејќи сте на погрешен пат.

Бик
Поседувате одлични потенцијали за изразување во сферата на љубовта, уметноста и општествениот живот. Преосетливи сте и тоа нема долго да ве држи. Многу сте емотивни, но обидете се да бидете умерени.

Близнаци
Планирате патување, а многумина од вас ги конкретизираат своите идеи. Ви се укажува идеална можност за истражување на потсвеста. Имате доста работа, затоа најдобро би било да тргнете во акција.

Рак
Пријателите ви се во прв план. Најважно од се’ е да се чувствувате добро и да сте задоволни. Планирате идеите да ги спроведете на дело, бидејќи не сакате да седите со скрстени раце. Ви претстои службено патување.

Лав
Среќни сте и задоволни во друштво на саканото лице. Се чувствувате исполнето во домот, каде што и го поминувате најголемиот дел од денот. Најдобро е да бидете умерени во консумирањето слатки работи.

Девица
Ве очекува комуникација со странство која ќе биде доста успешна. Не дозволувајте да бидете пасивни, бидејќи тоа не е ваша карактеристика. Ако немате на кого друг, најдобро би било својот талент да го покажете пред партнерот.

Терезија
Ова е идеален ден за љубов. Опкружени сте со лица кои ве сакаат и ве прават среќни. Штом се најдете во ваква атмосфера, станувате попустливи. Потрудете се да не претерате со алкохолот и цигарите.

Скорпија
Претерано сте чувствителни. Многумина од пријателите речиси и ги заборавивте. Не сте во можност да го забележите својот дел од одговорноста во меѓучовечките односи. Обрнете внимание на здравјето, појдете на преглед.

Стрелец
Размислувате на вистински начин и успешно се борите со сите проблеми. Имате застој во работата, но свесни сте дека набрзо ќе тргне. Се наближува периодот кога ќе постигнете успех и ќе ги реализирате плановите.

Јарец
Ви се нудат поволни шанси, а на вас е оставено дали ќе ги прифатите или ќе се колебате. Сметате дека сте подобри и потолерантни од вашите соработници. Потрудете се да бидете смирени.

Водолија
Телото и духот одвреме-навреме ви се во лоша состојба. Потрудете се да излезете од ваквата состојба, бидејќи блиските се многу вознемирени. Се занимавате со интересни теми кои на крајот сепак ќе ви помогнат да го најдете внатрешниот мир.

Риби
Потрудете се да преминете од зборови на дела. Најдобро е да тргнете во акција, бидејќи со вакво темпо нема да постигнете резултати. Направете го најдоброто што можете, бидејќи идејата може да ви избега.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>