Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (07.09.2021)

ОВЕН
Расположението ви се менува од ден во ден. Бидејќи ви здодеа коректното однесување, во вас полека почнува да се буди типичниот Овен со своите карактеристики… Се наметнувате и се докажувате во желбата да останете забележени.

БИК
Имате недостаток на иницијатива, а причината е во лошата здравствена состојба. Планетарните аспекти укажуваат да бидете внимателни бидејќи се работи за хронични здравствени проблеми. Преземете превентивни мерки и почекајте некои подобри денови.

БЛИЗНАЦИ
Иако изгледате смирено, имате чувство дека ќе експлодирате. Треба да најдете начин да ја исфрлите акумулираната напнатост. Спортот и физичките активности претставуваат вистински лек, па доколку се занимавате со нив, ќе успеете да ги решите проблемите.

РАК
Пред вас е активен работен ден. Ќе бидете во ситуација да се занимавате со работите што ги сакате, извршувајќи ги со ентузијазам. Доколку имате здравствени проблеми – тие имаат психосоматска природа. Стравовите што ги чувствувате поради нив се нереални.

ЛАВ
Зошто се нервирате кога тоа влијае врз убавината? Ве нервираат соработниците, а посебно ви оди на нерви една Водолија. Можни се непријатни случки, но постои начин да ги избегнете. Вразумете се со време.

ДЕВИЦА
Околината се обидува да ја фрли целата работа на ваш грб. Не ви е лесно. Треба да ги задоволите барањата на другите, но и сопствените потреби. Паметните Девици, кои се концентрирани на себе, полесно ќе си го решат проблемот.

ТЕРЕЗИЈА
Не ви е лесно, но мора да бидете истрајни. Кога работите ќе тргнат на лошо, како да го губите тлото под нозете и бегате директно во болест. Покрај нормалната терапија, вооружајте се и со оптимизам. Дружењето ќе ви помогне да ја надминете кризата.

СКОРПИЈА
Тргнавте ли во акција? Не одложувајте, никако не смеете да ги пропуштите можностите, зашто ништо нема да ви падне од небо. Само со работа ќе ја постигнете целта. Желбата за хедонистички живот ќе ве одврати од работата што ветува успех.

СТРЕЛЕЦ
Среќно ќе ја надминете кризата. Доколку имате здравствени проблеми, нивното решавање ќе биде многу полесно отколку што мислите. Влеговте во фаза кога флегматичноста е ваша основна карактеристика. Можеби е сега вистински момент да се одморите.

ЈАРЕЦ
Се нервирате со и без причина. Не сте свесни дека моменталните случувања ви дозволуваат мало влијание и негативно се одразуваат врз здравјето. Поведете сметка за да ги одбегнете проблемите. Една Водолија има негативно влијание врз вас. Одбегнувајте ја.

ВОДОЛИЈА
Уживате релаксирано во секој момент. Доколку имате проблеми со вишокот килограми, бидете сигурни дека борбата ќе биде потешка отколку што очекувате. Идеално се согласувате со Скорпиите, па затоа фокусирајте се на нив. Имате таен обожавател/ка меѓу овие припадници.

РИБИ
Многу планови нема да се реализираат, но тоа важи само за оние Риби што летаат во облаци. Бидете тактични и практични, зашто тука лежи одговорот на прашањето. Ако се занимавате со приватен бизнис – ќе забележите успех.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>