Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (07.05.2019)

Овен
Во овој период, пред се’, ви недостасува виталност. Премногу сте чувствителни, а тоа ве спречува да тргнете во конкретна акција. Доколку ги одложувате обврските, ситуацијата може да стане претешка. Пораз поднесувате тешко, но никој не ви е виновен поради тоа што сте премногу суетни.

Бик
Погрешно ја проценивте моменталната ситуација, можни се извесни киксови. Штом работите малку ќе го променат правецот, почнувате да се нервирате. Ви се советува да се консултирате со лице што може да ви помогне. Реализирајте го планот за патување.

Близнаци
Во свој елемент сте. Се занимавате со она што го сакате, а имате и многу слободно време. Моментално единствено непријатно може да ве изненади тотална беспарица. Емотивната состојба е сјајна, може да очекувате да биде уште подобра исто како и здравјето.

Рак
Грижете се за партнерот и за децата. Ви се јавува желба да се дистанцирате од се’ и да почнете да ги средувате проблемите што ги имате со околината. Загрижени сте поради разочарувањето од некого на кого безрезервно сте му верувале.

Лав
Наидувате на вообичаена препрека кога станува збор за работата. Не нервирајте се, така само го одложувате решавањето на проблемите. Партнерот се труди да ви укаже на грешките. Нови случувања ви го привлекуваат вниманието.

Девица
Повторно на сцена настапува љубовниот проблем. Не сте начисто кога станува збор за емоциите. Подготвени сте на верност и на промени. Бидете среќни, и партнерот сака да ви возврати исто. Ако сакате да успеете, потиснете ја љубомората.

Терезија
Чувствувате страв за својата егзистенција. Не сте рамнодушни кон партнерот, но мора да размислувате малку потрезвено и да најдете компромисно решение. Се советува смиреност и реално согледување на проблемите.

Скорпија
Денес треба да поведете малку повеќе сметка за здравјето. Не се чувствувате најдобро, затоа и не можете да ги остварите своите цели. Понекогаш имате чувство дека сите ве искористуваат. Грешите, околината ве почитува, само што понекогаш и’ пречи вашата себичност.

Стрелец
Лесно се нервирате, а тоа може многу да се одрази на вашето здравје. Непрекинато му наоѓате мани на партнерот и покрај тоа што не можете без него. Среќа е што и тој е свесен за сето тоа, па не ви забележува. Најдобро би било во моментите на напнатост да се насочите на работата.

Јарец
Денес релативно добро се чувствувате и покрај тоа што, како и секогаш, не сте многу комуникативни. Колегијалните односи понекогаш може да бидат и нестабилни, но не треба да се грижите. Мора да бидете потолерантни кога станува збор за партнерот.

Водолија
Имате впечаток дека заслужувате многу повеќе отколку што добивате. Проблемот е во тоа што ви недостасува објективност во увидувањето на својот придонес. Како и да е, сте го згрешиле системот на вредности. Крајно време е да почнете да размислувате за нова работа.

Риби
Имате чувство дека некој постојано ви подметнува стапици кога станува збор за работата. Никој не ве остава намира и покрај тоа што си ги исполнувате задачите, никогаш не е доволно. Мора да сфатите дека луѓето се суетни и не дозволувајте провокациите да влијаат на вас.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *