Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (07.03.2019)

Овен
Успешно ги остварувате идеите, а притоа не мора да се осврнувате на никого. Во целата приказна вие сте цел на разни трачеви и незгоди. Овните мора да се учат на трпение, ослушнување на туѓите потреби и да сфатат дека не се сами на светот. Ова последново е најважно. До целта ќе дојдете со огромен труд, но ќе се исплатува.

Бик
Тема на денот е љубовта. Романтично сте расположени, смислата за уметност е силна, а планетите и така се насочени. Ќе бидете задоволни со постигнатото. Ако се насочите само на партнерот, незадоволството е неминовно. Тоа по малку и ги комплицира работите.

Близнаци
Ниту еден денешен план нема цврста основа, па не се надевајте на идеален резултат. Имате променливо расположение, посуетни сте од обично. На околината не и’ е лесно со вас. Алармантно е тоа што самите себеси сте си најголем непријател. Дружете се со Ракови, само не ги оптоварувајте. Настинка!

Рак
Мислите дека околината не ве сака и дека сите се свртени против вас. Бидејќи ставот е субјективен, најдобро е да се повлечете и на мир да ја анализирате ситуацијата, која во меѓувреме се искомплицирала. Кога работите не одат како што треба, пожелно е да се прекинат, барем накратко.

Лав
Работата е во втор план, а не сакате да мирувате, па се насочувате кон љубовните проблеми, под услов да ги имате. Бидејќи оној што ве интригира тоа го прави суптилно и дозирано, многу се нервирате. Помладите припадници на овој знак моментално се во фаза на голема вљубеност.

Девица
Иако се евидентни застоите во работата и финансиските доцнења, тоа не ве спречува да го одржувате саканото темпо. Работите во свој стил, трпеливо и педантно. Загрижени сте поради промената на статусот и решавањето на семејните проблеми. Се колебате меѓу повеќе понуди. Најдобро е да почекате.

Терезија
Романтичното расположените може да бидат во добра состојба, ако себеси си дозволат работи што ги сакаат. Во спротивно, незадоволството со материјалната ситуација лошо влијае на здравјето и тоа во вид на шеќер во крвта и вишок килограми. Избегнувајте ги финансиските трансакции.

Скорпија
Доколку не се чувствувате најдобро, ослушнете ги потребите на организмот и ублажете го темпото. Штом сте во форма, не знаете како да запрете. За се што ќе се фатите пристапувате страсно, па здравјето може да страда. Денеска е барем така. Затоа се советува одмор.

Стрелец
Многу припадници на знакот се во фаза на менување на работата и креирање на партнерски односи. Сепак, почекајте со почетоците. Нема што да изгубите. Кон крајот на месецот, сите аспекти ќе бидат поповолни и бизнисот далеку поуспешен. Со Близнаците се можни судири на мислењата.

Јарец
Иако сте срамежливи во контактите со околината, знајте дека вината лежи во вас. Последиците што датираат од раното детство, сега стапуваат на сцена. Морате постојано да се борите со минатото, зашто ако ги запуштите работите, може да биде доцна.

Водолија
Доколку лошо спиете, чувствувате замор и незадоволство, размислете за тоа колку време минувате во прошетки на свеж воздух. Спортските активности и движењето ќе ви помогнат да ја надминете состојбата на депресија и хроничен замор. Партнерот ви бега од контрола.

Риби
Слободните мигови ги минувате во прегратката на саканата личност. Доколку сте успеале да ги отклучите нејзините емоции и во отворен разговор да сфатите дека сте биле емотивно заслепени, се ќе биде во ред. Во спротивно, на погрешен пат сте. Времето е идеално за занимавање со уметност.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *