Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (25.03.2022)

Овен
Сакате да спроведете нешто на дело бидејќи сте практични. Некои работи не се движат по зацртаниот план, но треба да се биде трпелив. Морате да ги менувате плановите или да ги прифатите бавните случувања.

Бик
Ништо значајно нема да се случува денешниов ден. Ако забележите дека не функционирате добро на работното место, обидете се да се дистанцирате од соработниците. Така работите ќе се одвиваат позитивно.

Близнаци
Денот ќе биде во знакот на некои интересни вести. Работите ќе ги вршите коректно, исправно ќе резонирате и брзо ќе дејствувате. Можни се некои емотивни несогласувања со саканото лице.

Рак
Успешен ден, под услов паметно да го искористите. Доколку го губите времето на глупости, само ќе се нервирате. Неодлучни ќе бидете во врска со еден љубовен проблем, по кој знае кој пат си го поставувате прашањето: Вреди ли да пробате повторно?

Лав
Денот е како создаден за флерт, љубов, уметност и разни други убави случувања. Кон партнерот чувствувате силна физичка привлечност, па можно е вашиот сексуален живот да доживее вистинска кулминација.

Девица
Успешно ги совладувате работните пречки. На соработниците им смета вашиот перфекционизам комбиниран со желба да критикувате. Една Водолија ќе се обиде да ве изнервира, но вие успешно ќе се одбраните.

Терезија
Сакате да бидете на чисто со некои работи поврзани со вашата средина, бидејќи самите никаде не се ангажирате, па ништо не зависи од вас. Повеќето припадници на овој знак чекаат од пријателите помош. Дали е тоа во ред?

Скорпија
Ги задоволувате своите потреби, без разлика дали се работи за уметнички интереси, желба за луксузни работи… Ви се нудат во изобилие љубовни предизвици. Што би можеле повеќе да посакате?

Стрелец
Среќниот период продолжува. Она за што подолговреме фантазиравте сега ви се исполнува. Денот минете го со пријатели во некое кафуле. Причини за убава атмосфера и славење има во голем број.

Јарец
Насочете ја енергијата на најдобар можен начин. Медитацијата ви помага да ги спречите несаканите последици во вид на депресија. Сите постапки зависат од другите луѓе, превенствено од односите со спротивниот пол.

Водолија
На момент ве заплиска бран на добро расположение. Уште малку па да се истопите од среќа. Но, сфатете дека убавте работи кратко траат, па затоа не би било пожелно пред време да се радувате.

Риби
Бидејќи по природа сте перфекционист, тешко да се помирите со она што не се вклопува во вашите идеали. Денес ве очекува добро расположение, пријатни средби, заработка и многу, многу среќа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>