Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (02.11.2022)

Овен
Важно е да се концентрирате на своите приоритетни цели. Не дозволувајте некој да ве обесхрабри со своите песимистички прогнози. Повремено имате лоша процена и очекување расплет на случувањата од љубовниот живот.

Бик
Добро се снаоѓате во ситуација кога треба да се донесе важна одлука од заеднички интерес и затоа умеете правилно да се наметнете пред соработниците. Нема потреба да се правдате пред драгата личност, туку обидете се да ја покажете вашата позитивна страна.

Близнаци
Комплиментите што ги добивате ве наведуваат на погрешна емотивни очекувања. Наспроти постојаната потрага по партнер, потребно е малку време да посветите себеси. Така најдобро ќе успеете да ги препознаете вистинските сигнали од лицата од спротивниот пол.

Рак
Не дозволувајте новите случувања да ја нарушат хармонијата со вашиот партнер. Колку и да изгледа примамливо некоја понуда, размислете за последиците доколку ја прифатите. Сензитивно реагирате на секоја ситуација, па оттаму не е препорачливо да менувате ништо на емотивен план.

Лав
Во љубовниот живот сте доста промислени и трезни. Сакате да воспоставите добра емотивна контрола над новонастанатите случувања. Размислете и одберете го вистинскиот момент за да ги остварите своите намери или на саканото лице да му ги соопштите важните планови.

Девица
Повремено вашите чувства и разум се наоѓаат во иста насока, но тоа нема да ви попречи во реализирањето на емотивните планови. Вашето однесување на најдобар начин го отсликува расположението што го чувствувате во нечие присуство. Затоа препуштете се на уживањето.

Терезија
Ве следи чувство на неизвесност, бидејќи соработниците често ги менуваат своето мислење и одлуките. Во ситуација кога на професионален план не се случуваат новитети, ваше најдобро засолниште е партнерот.

Скорпија
Отежнатата комуникација ќе биде главниот проблем со кој ќе се соочите во овој период. Причината за тоа ќе бидат острите критики кои претпоставените ќе ги упатат на ваша сметка. Но, не очајувајте. Сите имаат добри и лоши моменти на успех, па за кратко време ќе успеете да ги повратите старите позиции.

Стрелец
По потреба ги менувате своето однесување и одлуките кога е во прашање партнерот. Се обидувате да го надминете емотивното недоразбирање со блиско лице, но треба да бидете свесни дека тоа тешко ви поаѓа од рака. Можеби поголема толеранција и трпение се вистинското решение.

Јарец
Советите што ви се даваат со добра намера постојано ги сфаќате како лична критика и сметате дека некој се труди да ја покаже вашата слаба страна. Можеби малку избрзувате со соработниците, па затоа наместо да се лутите, одберете да слушате и на тој начин ќе успеете да постигнете солидни резултати.

Водолија
Некој ќе се обиде да ја наруши вашата духовна хармонија и да ве налути, но самоконтролата нема да ви побегне од рака. Вие умеете добро да ги контролирате нештата, па ваквите провокации ќе ги сфатите како љубоморен обид на околината да ви наштети. Обидете се да размислувате позитивно.

Риби
Одеднаш се чувствувате премногу фрустрирано, па сметате дека е многу тешко да ги совладате емоциите. Лутината што се јавува во вас е само уште еден показател дека е крајно време да се соочите со вистината за тоа што чувствувате кон партнерот. Изнајдете го вистинскиот начин да дојдете до успешно решение.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>