Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (06.11.2018)

Овен
Вознемирени сте, иако без причина, што може сериозно да ве загрози. Бидете оптимист зашто се наоѓате пред позитивен животен пресврт. На повидок е заминување на одмор, придружено со промена на околината. Токму тоа ви е неопходно да ја надминете, според вас, напнатата ситуација.

Бик
За здравјето не помислувате додека ве служи. Влеговте во период кога и тоа може да откаже, па ви се советува избегнување непријатни ситуации и луѓе што не ви годат. Може да земете одмор или боледување. Тоа е еден од начините да се олабавите и да уживате во долги прошетки.

Близнаци
Послушајте ги советите на попаметните и поискусни луѓе од вашата околина. Ситуацијата бара пресврти, приспособувања и на извесен начин влијае на она на што сте најранливи – слободата. Бидејќи од моменталната ситуација на крај ќе профитирате, не очајувајте однапред, нема причина за паника.

Рак
Сентиментално сте расположени, па лесно е да бидете заведени. Можеби вие потајно се надевате на тоа? Сериозните припадници на овој знак, што ги има повеќе, очекуваат извештај во врска со патување или се фокусирани на наоѓање одговор на некои егзистенцијални прашања.

Лав
Иако некои работи се во застој, тоа ни најмалку не ви пречи да се занимавате со она што го сакате и да бидете задоволни. Бидејќи чувствата се интензивни, а смислата за уметност е уште поинтензивна, моменталната ситуација е најдобра за Лавовите што се во уметничката бранша.

Девица
Успешен работен ден, проследен со конкретни материјални докази. Затоа уживајте во она што се нуди моментално, а разните емотивни препукувања и несогласувања оставете ги за друго време, кога ќе имате повеќе шанси да докажете дека сте во право. Засега оставете го партнерот со своите убедувања.

Терезија
Бидејќи ограничувањата се евидентни, не е ни чудно тоа што сте по малку незадоволни. Мора да сфатите дека денешната состојба е минлива, па ќе најдете излез од нешто на што конкретно можете да влијаете. Преовладува желбата да си помогнете себеси и колку што може побргу да излезете од оваа состојба.

Скорпија
Сакате да ги измазните односите со партнерот и со домашните. Ќе имате поголеми шанси доколку бидете поразумни и помалку ги навредувате. Во спротивно, јазот се продлабочува, па не се советува ништо конкретно. Свртете се кон нештата што ве релаксираат и пронајдете мир. Признајте си дека неодамна го изгубивте.

Стрелец
Семејните проблеми зборуваат дека со своето неодговорно однесување придонесовте да дојде до нив. Мора да го признаете својот дел од одговорноста, а не да ја префрлате вината на домашните. Кога треба да се направи нешто за конкретно задоволство, тука сте први, а не сте подготвени да се жртвувате.

Јарец
Каде и да се свртите, ве пречекуваат само изненадувања, и тоа главно поволни. Кога е така, тогаш тргнете кон нив и искористете го секој момент од времето за добар помин и уживање. Не заборавајте на љубовта, т.е. на партнерот, кој во последно време постојано размислува за вас и за создавање потомство.

Водолија
Доколку се занимавате со шпекулации, ќе остварите добра финансиска добивка. Успех може да очекувате и во пропагандата, зашто доаѓа до израз вашиот исклучителна беседничка дарба. Иако се борите околу некој статус, знајте дека предноста е на ваша страна.

Риби
Меѓучовечките односи, кои веќе подолго време не се идеални, денеска може да бидат доведени до вжештување. Чувствувате страв за својата егзистенција. Нормално е дека не можете да бидете рамнодушни, но би требало внимателно да размислите за се’ и да пронајдете компромисно решение.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *