Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за сабота (06.10.2018)

Овен
Обрнете внимание на разните информации кои имаат корисно значење, за целосно да ги остварите своите деловни цели. Нема причина да претерувате во своите барања пред соработниците. Своето внимание посветете и’ го на некоја личност која ве инспирира позитивно.

Бик
Се’ има свој век на траење или своја употреблива вредност. Вие упорно инсистирате на работите кои одамна се поминати во деловните кругови. Залудно се обидувате да промените нечие мислење и однесување. Партнерот се обидува да ве орасположи.

Близнаци
Добро размислете и проценете ги своите деловни можности и граница која не треба да ја пречекорите. Нема потреба да се изложувате на голем напор или да се спротивставувате на личност која има големо влијание. Ризикот препуштете им го на другите.

Рак
Доколку сте доволно снаодливи или пробивни, ве очекуваат резултати. Покажете и’ на својата околина дека поседувате различни способности и дека вашата улога е незаменлива и во деловно-финансиските договори. Одговорете на нечија љубовна порака.

Лав
Обрнете внимание на разните детали или на некои скриени пораки. Потребно е да разликувате одредени информации од деловни договори. За да ги остварите своите цели, потребна ви е нечија поддршка. Избегнувајте натпревар со блиска личност.

Девица
Некој на индиректен начин ви дава до знаење дека секоја услуга е обврзувачка и има своја цена. Ви претстои помала загуба или разочарување кое треба да го прифатите како нова лекција за правилата на однесување. Остварете го заедничкото задоволство со партнерот.

Терезија
Доколку некој ве наговара на деловно-финансиски предизвик или на заедничка авантура, добро размислете за можните последици. Некој може да ги разоткрие вашите тајни планови, затоа не бидете наивни и не пребрзувајте. Во своите очекувања одите чекор пред партнерот.

Скорпија
Изгледате амбициозно и непрекинато смислувате нови деловни решенија. Меѓутоа, вашиот успех зависи од нечие влијание. Нема причина да се однесувате наметливо во друштво на .личноста која има строги критериуми. Решенијата препуштете му ги на партнерот.

Стрелец
Врз основа на новите информации треба да донесете реална процена за приоритетите на деловната сцена. Избегнувајте пребрзаност или нескромност во средба со соработниците, потребна ви е нивната наклонетост. Размислете кому треба да му упатите љубовен повик.

Јарец
Ве очекуваат изненадни компликации од деловно-финансиска природа, но тоа не треба битно да влијае на вашата концентрација. Зачувајте ја позитивната ориентација и убавите мисли, порано или подоцна сите проблеми се решаваат. Нема причина за претерана загриженост.

Водолија
Ве очекуваат некои интересни средби, затоа обрнете внимание на впечатокот кој го оставате во друштвото на деловни партнери. Направете го она што е потребно, спојте го личното задоволство со практичните аспекти. Привлечете нечие емотивно внимание.

Риби
Некој ги нарушува деловно-финансиските планови и ги игнорира забелешките кои ги имате. Сепак, не дозволувајте лошото искуство во вас да поттикне ниски страсти за деловно ривалство. Стрпливо причекајте подобри времиња. Постои личност која ви угодува на секој можен начин.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>