Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (06.09.2019)

Овен
Обрнете внимание на нечии забелешки околу вашата работа. Нема причина да се однесувате како најголем оптимист кога сите патишта водат кон фактот дека не е така. Треба да научите да бидете умерени во се’, зашто тоа е најдобрата насока за вашето функционирање. Избегнувајте лица кои имаат навика да се однесуваат театрално и кога нема причина за тоа.

Бик
Постојано сте фокусирани на истите нешта и не сакате да се откажете од идејата дека, сепак, одредени работи не можат да се реализираат според вашиот план. Нема потреба да ги искушувате вашите соработници во однос на трпението, затоа што никој не ја сака таквата политика на однесување. Партнерот е постојано на дистанца, затоа обрнете внимание на неговата реакција.

Близнаци
Ви значи да оставите добар впечаток пред соработниците, иако мислењето за вас во неколку наврати било доведено во прашање. Најдете начин да ги зачувате вистинските вредности и пренесете го убавото расположение на сите околу себе. Бидете доволно промислени и ќе успеете да најдете емотивна инспирација, која ќе ви помогне да го подобрите односот со партнерот.

Рак
Моментно сите околности се на ваша страна, што значи дека се’ ви оди во прилог. Ќе бележите успеси на сите страни, но внимавајте да не ја злоупотребите среќата. Колку подолго ве држи овој период, толку нештата ќе умеете повеќе да ги цените. Вие сте познати како големи љубовници, а сега срцето ви е резервирано само за едно лице.

Лав
Помислата дека сте подобри во однос на другите ви го храни егото максимално, а со тоа им дава до знаење на другите дека вашата ѕвезда секогаш мора да биде број еден. Какви било компромиси за вас не важат, бидејќи вие сте лидер што ги поставува правилата на игра. Нема потреба да ги преувеличувате потребите во односот со саканото лице.

Девица
Постојат изненадни случувања поврзани со вашата работа, кои ви пречат во остварувањето на крајната цел. Бидете внимателни и послушајте го советот од еден од вашите соработници, бидејќи на тој начин ќе успеете да ја спасите ситуацијата. Односите со партнерот се запоставени, бидејќи постојано се трудите да играте на картата незаинтересираност.

Терезија
Постојано сакате да го свртите вниманието кон околината, но веројатно сите ве игнорираат од причини непознати за вас. Почитувајте го мислењето на другите за да можете да ја најдете суштината на почитувањето. Избегнувајте ги караниците со партнерот, бидејќи нема ништо да постигнете со тоа. Нема потреба да се докажувате на погрешен начин.

Скорпија
Премногу се форсирате во однос на работата, па можеби во периодов ќе почувствувате мал замор кој сериозно подоцна може да го наруши вашето здравје. Непотребно го искушувате трпението на партнерот, па можеби наскоро ќе зажалите поради тоа. Бидете трпеливи и истрајни во желбите.

Стрелец
Скромни сте во работата и не дозволувате никој да ви коментира на вашите барања. Поради таквото однесување, ќе следуваат коментари на критика и недоверба, со што дополнително ќе си направите проблеми. На емотивно поле, не покажувате доволно разбирање за партнерот.

Јарец
Вашиот начин на гледање на работите е сосема поинаков од реалната ситуација во која се наоѓате. Професионалните обврски бараат од вас конкретно да се изјасните во однос на вашата крајна цел. Смислата за убавото како и секогаш ја наоѓате во прегратките на партнерот.

Водолија
Вашиот ентузијазам наидува на негативен отпор од страна на соработниците, поради фактот дека не се сите така упорни да ве следат во вашата цел. Потребно е понекогаш да покажете и тимска соработка за да бидете подобро прифатени. Партнерот ќе ве доведе пред конечна одлука, па ќе мора брзо да реагирате.

Риби
За вас е најважно да ги прифатите сите нужни околности со кои се соочувате за да можете полесно да ја согледате реалната ситуација околу вас. Понекогаш сте премногу ситничави, па затоа ги комплицирате работите. При средба со саканото лице не умеете да ја контролирате суетата.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *