Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (03.11.2022)

Овен
И понатаму кога сте во прашање вие успехот не заостанува. Ви значи кога околината мисли дека сте супериорни во однос на другите. Влеговте во период кога планетарното влијание ќе ве однесе до бројни резултати кои позитивно ќе се одразат на вас.

Бик
Во дискусијата за работните приоритети немате причина за нова нервоза. Различните недоразбирања што ве следат во дијалогот со саканото лице не се безначајни, но не се ни тема која треба постојано да ја повторувате.

Близнаци
Исполнети сте со оптимизам и силна волја да го завршите започнатото. Мора да се обидете да ги ставите работите под контрола, бидејќи не смеете да дозволите некој да си поигрува со вас или со вашите чувства. Одлуката што ќе ја донесете ќе придонесе за подобра иднина.

Рак
Без разлика на однесувањето, добивате професионална поддршка и некој со симпатија ја оценува вашата појава или настап. Некој поттикнува добро расположение во вас и потреба за емотивно зближување.

Лав
Денот е како создаден за подобрување на финансиската ситуација или за надградување во духовна смисла. Некои претставници на овој знак ќе бидат во ситуација да трошат и повеќе од планираното, затоа внимателно со парите и не одете во крајности.

Девица
Важно е да ги проверувате информациите кои влијаат на работно- финансиската соработка. Понекогаш е тешко да ги прифатите различните ограничувања. Избегнувајте ги непотребните возбудувања или кокетирања со непознато лице.

Терезија
Поласкани сте од нечии комплименти и сознанието дека се наоѓате на листата на одбраните. Дозволете си себеси некоја романтична или возбудлива забава за двајца. Партнерот очекува повеќе внимание и топлина од ваша страна.

Скорпија
Се наоѓате во некоја дилема, дали некој се поигрува со вашата доверба или, пак, ја тестира заедничката недоверба во работните договори. Сепак, соработниците нема да дозволат да чувствувате неправда и недоверба.

Стрелец
Без разлика на нечие ветување, забележувате дека работите одат во погрешен правец. Избегнувајте ги заострените дуели или јавните расправи. Љубовта има позитивно влијание на вашето расположение, бидејќи некој умее да ве дигне во облаци и да ги исполни вашите очекувања.

Јарец
За да ги зачувате своите работно-финансиски интереси, мора да покажете снаодливост или да функционирате под одредени правила. Важно ви е да ги доведете работите под совршена контрола. Повеќе ви пречи еуфоријата во однесувањето на партнерот отколку личната несигурност.

Водолија
Не заборавајте дека сe има своја граница, така и работните обврски имаат позитивен ефект само под одредени услови. Нема потреба да се чувствувате несигурно или да ја прикривате вистината на средбата со саканото лице. Потрудете се правилно да ги објасните своите намери.

Риби
Не дозволувајте некој да ви поставува отежнувачки услови или да ве казнува неправедно за заедничкиот неуспех. Залудно размислувате за некои возбудливи средби или за лице кое моментално не е во вашиот емотивен живот. Среќата овој пат доцни.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>