Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (19.07.2022)

Овен
Непотребно се инволвирате во ситуација што не ја познавате доволно и така ги нервирате своите соработници. Прифатете ја добронамерната критика и немојте да ги одолжувате своите планови, важно е да го реализирате договорот. Потребна ви е поголема дискреција.

Бик
Не ви се допаѓа нечија улога во заедничките преговори, но не треба дополнително да ве оптоварува тоа или да го менува првобитниот став за работно-финансиската соработка. Порано или подоцна, се’ ќе си дојде на свое место. Ви недостасува трпеливост, а на вашиот партнер емотивна храброст .

Близнаци
Новите информации ви изгледаат како добра можност, но на работното место се може да се измени. Големата амбиција или потребата за собирање материјални резултати не треба да ве наведе на погрешно однесување пред соработниците. Претпазливо анализирајте го однесувањето на блиското лице.

Рак
Постојано инсистирате во своите намери и преземате одреден ризик во деловната соработка. Ако имате добро претчувство, препуштете и’ се на својата интуиција. Новиот успех треба дополнително да ве мотивира. На љубовниот состанок немојте да дозволите на вашиот партнер да му недостасува инспирација.

Лав
Некој го критикува вашиот начин на работа или стилот на однесување. Нема потреба да се спротивставувате на мислењето на другите, бидете разумни и прифатете нечии совети. Потрудете се ја завршите започнатата работа во предвидениот рок. Прикривањето на вистината само го одложува решавањето на заедничките проблеми.

Девица
Незаинтересирани сте на средбата со соработниците. Поради лошата процена, можни се додатни компликации, кои ја доведуваат во прашање реализацијата на заедничкиот план. Насочете ги своите мисли во позитивен правец. Постои лице кое ви подарува искрени чувства и емотивно внимание.

Терезија
Претпазливо анализирајте ги новите случувања или, пак, важните промени на работната сцена. Немојте да дозволите некој неправедно да го оспорува вашето влијание или заслуга за успехот што сте го оствариле. Постојано се обидувате да избегнете емотивна одговорност пред блиското лице.

Скорпија
Не ви се допаѓа нечие однесување, но не можете да ги промените основните услови или правила што ги диктираат вашите соработници. Не трошете ја својата драгоцена енергија на ситуации што не поминуваат забележано на работното место. Чувствувате емотивна несигурност, но прикривањето на вистината остава лошо влијание на блиското лице.

Стрелец
Не можете во целина да ги остварите своите намери, но не откажувајте се од своите амбициозни цели и барајте разумно решение. Нечии идеи звучат многу поинтересно во моментот додека се слушаат отколку кога ќе започнат да се реализираат. На средбата со саканото лице не го постигнувате посакуваниот ефект.

Јарец
Загрижени сте поради нечии зборови, но имате причина за тоа. За да ги остварите своите работно-финансиски интереси, мора да имате малку лукавост или да функционирате по одредени правила. Важно ви е да ги доведете работите под совршена контрола. Повеќе ви пречи еуфоријата во однесувањето на партнерот отколку чувството на носталгија или личната несигурност.

Водолија
Премногу сте горди да проговорите за своите проблеми или, пак, да побарате нечија интервенција. Потребно е да се ослободите од погрешната навика и да прифатите нечија идеја како добар патоказ. Успешните секогаш бараат добар совет. Немате причина да верувате во спонтан расплет на случувањата или љубовната среќа која доаѓа изненадно.

Риби
Прифатете ја скромната работна понуда и немојте да ги потценувате интелектуалните способности на луѓето од вашата околина. Збунети сте пред соработниците и поради тоа вашето објаснување звучи неубедливо. Потребно е добро да ги усогласите своите мисли и чувства за да го зачувате своето достоинство пред лицето што добро ги познава вашиот карактер.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>