Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (17.03.2023)

Овен
Денес ќе имате корист од секој партнерски сојуз и здружување. Доколку имате проблеми со законот, се’ ќе се реши во ваша корист. Бидете трпеливи со партнерот и потрудете се да ги исполните ветените работи.

Бик
Ќе бидете горди на се’ што ви се случува. Се трудите добро да функционирате со оглед на тоа дека сите работи се одвиваат по шаблон. Свесни сте за здравствената состојба и правите се’ за да го санирате актуелниот проблем. Успешно ги решавате сите проблеми.

Близнаци
Повторно ја сфативте моќта на парите и почнавте да работите на подобрување на финансиската ситуација. Денес ќе бидете доста успешни во решавањето на овој проблем. Единствено што ви треба е да смислите како да ги привлечете финансиите.

Рак
Имате потреба да ги прикривате чувствата, бидејќи не сакате другите да знаат како ви е. Се повлекувате во својот имагинарен свет. Уживате во осаменоста и тоа ви дава сила да ги реализирате плановите. Потрудете се помалку да излегувате во јавноста.

Лав
Премногу сте амбициозни, а тоа ви дава сила повторно да се активирате. Колку ќе успеете зависи само од вашите залагања. Потрудете се да не бидете арогантни, бидејќи очите на многумина се свртени кон вас.

Девица
Како ќе ги искористите поволните моменти зависи само од моменталната ситуација. Опасност се јавува во вид на непрактичност и желба за авантура. Ова е одличен период за контактирање со странство, бизнис и патување. Љубовта може да почека.

Терезија
Одеднаш сфативте дека веќе ништо нема да трпите. Станувате свесни за своите квалитети и отворено и’ кажувате на околината колку вредите. Ќе бидете исполнети со позитивна енергија, а на оние што ви пречат директно ќе им го кажете тоа.

Скорпија
Покрај другите проблеми, ги решавате и оние со семејството. Размислувањата за извесен пат се без основа. Тоа може да ви помогне да ги избегнете стресовите кои ве бомбардираа последните денови. Не сакате ниту да размислувате кога станува збор за здравјето.

Стрелец
Се трудите да ги решите семејните проблеми и тоа е вистински момент за тоа. Дополнителните обврски поврзани со домот потрудете се навремено да ги извршите. Па, кога ќе размислите подобро, тоа е единственото место кое никогаш не ве изневерило.

Јарец
Им давате предност на убавите работи, па затоа можете да очекувате успех во љубовта. Својата магнетска привлечност ја користите на адекватен начин. Нема да останете незабележани и ќе оставате посебен впечаток на спротивниот пол.

Водолија
Бидете свесни кога станува збор за финансиите. Периодот е поволен за занимавање со политика. Бидете многу внимателни со здравјето, бидејќи може да се јават низа последици. Непромислени потези може да ви ја одземат енергијата.

Риби
Се занимавате само со тоа што ве интересира и ја постигнувате определената цел. Воопшто не дозволувате другите да ве малтретираат со глупости. Премногу сте трпеливи, па затоа покажете им каде им е местото, иако тоа нема да им одговара на многумина.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>