Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (06.03.2018)

Овен
На работа моментално нема проблеми. Финансиските тешкотии привремено ги решивте. Во семејството расположението не е добро. Партнерот ви е наклонет, но не го покажува тоа на вистински начин. Здравјето е солидно.

Бик
Полето на кариерата е стабилно. Во позицијата сте која ви дава и многу слобода во изјаснувањето, а присутна е наклоноста на надредените. Заработката зависи исклучиво од работата. На емотивен план е нестабилно.

Близнаци
Бевте под притисок поради емотивниот живот, но денес ќе бидете подобро расположени. На деловен план е одличен период доколку се занимавате со уметност. Инспирацијата е во кулминација.

Рак
По помали несогласувања со партнерот, извесно е страсно помирување. Сепак и понатаму сте во нестабилна фаза. Врската ќе биде пред испит, а од тоа како ќе се снајдете, зависи исходот на врската. Здравјето е добро.

Лав
Амбициозни сте во работата и сакате да бидете пред сите, но морате уште малку да се потрудите. Финансиски завистите од другите. Комуникацијата со партнерот е многу подобра од минатите денови. Здравјето е солидно.

Девица
Деловно-финансиската ситуација е се’ постабилна. Темелни сте и прецизни во работата и не сакате ништо да пропуштите. Емотивно и понатаму сте во дилема, но не грижете се, наскоро и полето на љубовта ќе се активира.

Терезија
Во семејството ве очекува прилив на пари од наследство или недвижнини. И работата ви носи солидна заработувачка, така што полето на финансиите е стабилно. Ви претстои средба со помлада личност што ви се допаѓа.

Скорпија
Под стрес сте поради семејната ситуација, која никако да се среди. Имате впечаток дека тапкате во место, а решението го нема на повидок. Бидете поголем оптимист и се’ ќе биде во ред. Здравствено сте чувствителни.

Стрелец
Ако сте без работа, многу брзо можете да очекувате нов почеток. Веќе има поместувања. До вас пристигнуваат разни информации, па и можности. Во овој момент од вас зависи во кој правец ќе се движи вашиот емотивен живот.

Јарец
Послушајте го предлогот на помлад колега, кој се однесува за една работа што одамна ја започнавте. Сигурно нема да погрешите. Помала парична добивка е можна многу брзо. Слободното време посветат им го на пријателите.

Водолија
На работа е голем метеж, па немате многу време за одмор. Финансиите се солидни, но имате помалку одошто очекувавте. Претеравте во текот на разговорот со саканата личност и сега ви е криво.

Риби
Проблемите ве притиснаа од сите страни. Особено тешко го поднесувате тоа, зашто сте навикнале се’ да ви оди лесно и брзо. Финансиите се нестабилни. Можни се непланирани трошоци. Љубовната врска е пред раскинување.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *