Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (06.02.2018)

ОВЕН
Одеднаш се’ ви стана јасно. Беше потребен момент да сфатите кои сте и што можете. Зголемете го вниманието, особено во сообраќајот и при ракување со електрични апарати. Некои Овни мора да се подложат на хируршка интервенција, додека некои ќе уживаат во прегратка на саканите.

БИК
Мора да ги потиснувате чувствата. Внимание ви подарува личност што не ја сакате. Вие сте со мислите со некој со кој поради повисоки околности не можете да остварите постојана врска. Мора да се задоволите само со мигови. Ви се смачија ограничувања во љубовниот живот. Не грижете се, набрзо се’ ќе си дојде на свое место.

БЛИЗНАЦИ
Ќе бидете во ситуација да влијаете на некого. Доколку се занимавате со пропаганда, можете да очекувате успех придружен со финансиска добивка. Здравствените проблеми се последица на лоша крвна слика. Кавгите со партнерот станаа нормална појава.

РАК
До израз доаѓа вашата елоквентност и информираност. Знаете што се’ се случува околу вас. Вистински советодавец сте кога станува збор за егзистенцијални прашања. Од ништо правите многу.

ЛАВ
Настапија тешкотии од органска природа. Нерасположени сте зашто не сакате ни да размислувате за болест. Состојбата на незадоволство се одразува и на љубовниот живот. Под услов да сте во двојна врска, ќе мора да се одлучите.

ДЕВИЦА
Макотрпната работа ќе биде крунисана со успех во вид поголем приход. Започнете нови работи уште денес. Наскоро влегувате во период на стагнација, па штедете. Бидејќи сте рационални, ќе успеете да се однесувате според можностите.

ТЕРЕЗИЈА
Имате многу причини за незадоволство. Во прв план е лошото здравје. Ќе мора посериозно да му пријдете на проблемот и да се обидете да го санирате. Со партнерот се обидувате да најдете заеднички јазик. Бидејќи не сте толерантни, тоа ви е се’ потешко.

СКОРПИЈА
Денес ништо не ви поаѓа од рака. Колку што повеќе се трудите, толку ситуацијата станува потешка. Нервозни сте и чувствувате потреба за самотија. Ги зголемувате проблемите. Тие се навистина минорни и решливи.

СТРЕЛЕЦ
Фантастично функционирате на сите полиња. Прекрасно се чувствувате. Задоволни сте со деловната соработка и со социјалните контакти. Иако сте пребирливи, кога се пријателите во прашање, никому не му наоѓате мана.

ЈАРЕЦ
Малку излегувате од шаблон, но околностите повторно ве враќаат на старо. Нерасположението, разочараноста, песимизмот и натаму ви се нормална појава. Многумина одамна ќе направеа нешто да си ја решат маката. По малку сте мазохисти.

ВОДОЛИЈА
Се нервирате и кога треба и кога не треба. Сметате дека сите се виновни за вашето нерасположение. Мора да го зачувате здравјето, зашто опасноста од операција, сообраќајка или струја е зголемена. Бидете повнимателни и се’ ќе биде в ред.

РИБИ
Во расчекор сте меѓу желбите и можностите. Свесни сте дека партнерот не ги исполнува вашите критериуми, па се нервирате. Обидете се да го прифатите со сите негови мани или оставете го! Ќе бидете во ситуација правилно да процените.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *