Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (05.12.2022)

Овен
Денеска ќе бидете активни. Ви претстојат повеќе убави средби. Ако студирате и треба да полагате испит, можете да бидете олабавени. Планетите ви се наклонети. Здравјето е чувствително.

Бик
Решивте да свртите сосема нов лист во животот. Ви недостасуваше самодоверба, но и храброст за да инвестирате во нова работа, но сега сте подготвени да ризикувате. Можна е мала настинка.

Близнаци
Ако работата ја извршувате од дома, можни се компликации во текот на денот. Непланирани трошоци. На емотивен план е променливо, зашто немате доволно доверба во партнерот. Здравјето е подобро.

Рак
Ако денеска очекувате да добиете дел од заработувачката, ништо нема да биде од тоа. Ќе мора да се стрпите уште ден-два. Почнавте почесто да излегувате, па внимавајте што јадете и пиете. Избегнувајте тешка храна.

Лав
Можно е познанство со помлада личност која престојува во странство и која е образувана. Оптимизмот со кој зрачи, позитивно ќе влијае и на вас. Ве очекува многу убава вечер. Здравјето е добро.

Девица
Многу сте посветени на работата, можеби и премногу, па би било добро да се олабавите и да не размислувате. Активирајте се утре и завршете го она што сте го планирале, а денеска одморајте се, или одете на гости.

Терезија
Иако не би требало да се грижите околу финансиите, секогаш се нервирате кога ќе потрошите повеќе пари. Тогаш решението е да бидете поскромни. Со партнерот од денеска ќе имате проблеми. Здравјето е добро.

Скорпија
Благодарение на пријателот, ќе имате прилика да заработите нешто пари. На работа нема да има потешкотии. Кога ќе ги завршите сите обврски, уживајте во остатокот од денот со пријателите. Здравјето е добро.

Стрелец
Во текот на денот најмногу ќе бидете насочени на полето на љубовта. Ќе бидете многу попустливи спрема партнерот и подготвени на компромис. Доколку сте на почеток на врската, ќе ви биде убаво. Проблеми во семејството.

Јарец
Денеска очекувајте убави вести. Можеби ќе мора да одите на пат. Финансиската ситуација ќе се стабилизира до крајот на седмицата. Партнерот се помалку ги исполнува вашите очекувања. Здравјето е многу нестабилно.

Водолија
Ве очекува пријатно изненадување на деловен план. Расположението ќе биде се подобро. Финансиската ситуација е под контрола. Важно е со партнерот да имате добра комуникација. Здравјето е добро.

Риби
Најмногу време минувате размислувајќи за финансиската ситуација. На чекор сте до целта. Прифатете ја помошта што ви ја нудат членовите на семејството. Ако сте слободни, ќе дојде до пресврт.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>