Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (05.12.2018)

Овен
Нека не ве изненадат благите бранови на нервоза – последица на претерано исцрпување. Јасно поставете си ја границата на издржливост, зашто ако продолжите со ова темпо, нема да биде добро. Само со мудрост успешно ќе продолжите во борбата што се нарекува живот.

Бик
Пред вас е напорен ден, полн со предизвици и одрекувања. Со упорност и истрајност, но и со тврдоглавост, ќе постигнете одлични резултати. Бидејќи тоа и го сакате, кон крајот на денот ќе бидете задоволни. Ќе ви биде понудено унапредување на работното место. Скорпијата влијае врз негативниот исход.

Близнаци
Можеби од околината очекувате повеќе од вистинските можности? Има толку прашања на кои треба да се одговори, па е неизвесно колку тоа ќе ви појде од рака. Тешете се – посилни сте отколку што изгледа, па и на горливите прашања ќе најдете адекватен одговор.

Рак
Сте се затвориле во четири ѕида и се обидувате да бидете задоволни. Ќе работите работи во домот и ќе решавате семејни прашања. За чудо, ќе ја зачудите околината со дипломатскиот однос. Сменете ја работата и одете во политичари. Имате исклучителна дарба и за тоа.

Лав
Иако сте планирале нешто сосема друго, мора да се свртите кон работата, која инаку не ви е по волја. Се’ влегува во „рамките на службата“, така што ќе одиграте нешто исклучително добро. Несакани ефекти – нервна напнатост и премор. Наскоро ќе се одморите и стабилизирате. Повеќе самодоверба добро ќе ви дојде.

Девица
Бидете внимателни при донесувањето заклучоци за луѓето, зашто и покрај аналитичноста – може да погрешите. Не очекувајте го од другите она на што ни самите не сте подготвени. Цената е незадоволство. Главната смисла на вашето постоење е хармонијата, а може да ја постигнете ако најдете средина меѓу работата и љубовта.

Терезија
Дали се исплатува да се биде перфекционист? Гледате дека тоа не е доблест туку мана. Мора напорно да одработите една работа, но се чувствувате блажено, зашто квалитетите на една Терезија притоа доаѓаат до израз. Доколку некој Јарец ви создава пречки, не обрнувајте внимание.

Скорпија
Уживате во сите аспекти на животот. Отворено им кажавте „не“ на депресијата и проблемите. Моментално ги потиснавте во втор план, што не значи дека не може да ве начекаат од некоја страна. Не размислувајте за нив, туку свртете се кон пријатните содржини. Деловниот успех ве прави расположени.

Стрелец
Во следните неколку дена мора да бидете внимателни. Надевајте се дека нема причина за недисциплинираност, како и дека ќе се однесувате одговорно, внимателно и свесно. Со самото тоа ќе го избегнете ризикот. Потрудете се помалку да зборувате, а повеќе да работите.

Јарец
Повторно функционирате на најдобар можен начин. Потребата за воспоставување контакти максимално ве ангажира. Колку ќе бидете истрајни, сигурни во себе и одговорни – засега зависи само од вас. Нема причина таквата состојба да не трае подолго.

Водолија
Функционирате под силен внатрешен притисок. Понапнати сте од вообичаено. Прашајте се што е причината за таквата состојба и обидете се, колку што е во ваша моќ, да ублажите. Можете и повеќе од тоа, само ако сакате. Бидејќи нервозата е изразена, не седнувајте без некоја поголема причина зад волан.

Риби
Што и да работите, ќе работите со леснотија. Водете сметка за тоа да не претерате со фантазиите, зашто во тој случај го губите и така несигурниот терен под нозете. Иако работите во некој вид изолација, потајно посакувате средба со пријателите. Имате проблеми со кожата.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *