Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (05.11.2018)

ОВЕН
Сега сте во период на промени и време е своите потреби и ставови да ги ставите на прво место. Често им помагате на другите што се пред вас, но постои граница, која понекогаш е потребна да ја поставите. Ова не значи дека сите околу треба да ги игнорирате и натаму им е потребна помош, но откако ќе ја завршите својата работа во текот на неделата.

БИК
Минатите недели се обидувавте толку многу за некои работи, но на крај ништо не испадна како што сакавте. Во текот на оваа недела ќе дојдете до некои дополнителни информации за кои ќе бидете среќни. Мора да прифатите дека некои нешта не може да се контролираат или да влијаете врз нив, но тоа не значи дека тие се лоши за вас.

БЛИЗНАЦИ
Вие повеќето од вашите идеи, мисли и планови не ги чувате во себе, но веднаш ги споделувате со другите. Но една работа се’ уште е длабоко запишана во вас, и преиспитајте се што треба да направите. Би било најдобро ако на блиската личност со која сте опкружени и’ се отворите за она што ве мачи.

РАК
Промените се на чекор од вас, но сепак немате доволно информации кои ќе ги донесат промените и затоа не знаете дали треба да се радувате. Важно е да знаете што добивате од овие промени кои следат. Можеби нема целата работа да функционира на начинот на кој сакате. Меѓутоа, многу нешта може да бидат онака како што сакате, ако работите напорно и доволно.

ЛАВ
Мистериозни сте и вашите чувства не сакате да ги покажете на другите. На почетокот ќе се заинтересираат за што станува збор, но ако сте премногу упорни во неоткривањето, лесно ќе се оддалечите од нив. Ако сакате да постигнете квалитетна врска, без разлика дали е работна или пријателска, треба да разговарате со таа личност.

ДЕВИЦА
Некои луѓе со кои работите во последно време се неподносливи за соработка. Важно е да не се оптоварувате со нив. Концентрирајте се на она што го работите и направете го на најдобар можен начин. Партнерот од вас ќе бара повеќе внимание. Овозможете му го тоа за да не дојде до меѓусебно недоразбирање.

ТЕРЕЗИЈА
Ве нервираат луѓето што постојано ви кажуваат дека секогаш може да сметате на нив, да се јавите кога ви е потребно и кога ќе ви требаат ќе немаат време за вас. Не нервирајте се поради нив, имате други пријатели на кои можете да им верувате. Ако работите не одат според планот, без разлика дали е на приватен или бизнис- план, вие нема да можете да добиете на време и ќе се приспособите кон ситуацијата.

СКОРПИЈА
Многу нешта се случија во текот на изминатите неколку недели и сега сакате да одговорите на некои прашања, зашто не ви се допаѓа кога работите ќе останат неразјаснети. Клучот во сето тоа е да прашате. Тешко дека нешто ќе дознаете доколку прашањето не го поставите на вистинската личност.

СТРЕЛЕЦ
Оваа недела, дефинитивно, убаво ќе почне на работен план. Вие ќе бидете креативни и полни со идеи, а ќе дојде и до понуди од луѓето кои ќе ви помогнат успешно да ја реализирате вашата замисла. Немојте да ги пропуштате деталите и некои ситници. Ако сакате да направите добра работа – не оставајте ништо.

ЈАРЕЦ
Во последните неколку месеци бевте преокупирани со работата и се’ повеќе се гледа вашето остварување. Сега, време е малку да се одморите. Имате пред вас поволен период за склучување нови пријателства, но овој пат направете мала промена пред впуштање во нешто ново, преиспитајте се себеси, вашите желби и чувствата.

ВОДОЛИЈА
Некои работи едноставно не функционирале како што сте планирале да бидат. Меѓутоа, нема причина за паника. Толку многу сте направиле, а само гледате на неуспеси. Важно е да научите нешто од своите грешки, но, сепак, уште можете да бидете горди на она што сте го постигнале.

РИБИ
Доаѓаат многу нови работи и сега не знаете како да реагирате. Не плашете се да поставувате прашања. Ќе ви биде многу полесно доколку сте подготвени и кога имате повеќе информации, па затоа прашајте ги луѓето што се околу вас. Нема да можете да изберете што сакате, а што не. Подгответе се за нови нешта.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *