Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (05.09.2019)

Овен
Се колебате помеѓу две работи, но ниедна од нив не е вистинската. Најдобро е темелно да ги согледате сите случувања. Зачувајте ја самоконтролата и не провоцирајте го партнерот.

Бик
Очекувајте конфликти со соработниците. Не навлегувајте во теми кои не се блиски до вас. Потрудете се да бидете реални и да не ги потценувате другите. Бидете внимателни со партнерот, бидејќи вашите идеи не му се многу интересни.

Близнаци
Ве очекува договор со некој близок, но бидете внимателни, бидејќи тоа може да биде целосно промашување. Бидете достоинствени и трпеливи, работите ќе си дојдат на свое место. Со партнерот имате целосно спротивни идеи.

Рак
Внимателно анализирајте ги сите случувања на работното место. Бидете покреативни и очекувајте успех. Ве очекува средба со блиско лице за кое треба да бидете доволно силни за да ја прифатите вистината.

Лав
Некој јасно сака да ви укаже на тоа дека се наоѓате во поволна позиција. Потрудете се правилно да ги усогласите своите интереси. Изгледате доста занесно и самоуверено, а на партнерот ќе му приредите незаборавни мигови.

Девица
Очекувате поволна работна ситуација. Немојте да дозволите некој да ве испровоцира. Повремено ја губите емотивната контрола, потрудете се да имате разбирање за партнерот. Релаксирајте се.

Терезија
Доколку околностите на работното место не се онакви какви што очекувате, потрудете се да останете рамнодушни. Имајте на ум дека нема да најдете разбирање кај блиските. Нежни сте и чувствителни.

Скорпија
Некој постојано ве уморува со непотребни работи и ви ја одзема концентрацијата. Потрудете се да направите вистински потези. Ви недостасува емотивна поддршка, затоа покажете му ги чувствата на партнерот.

Стрелец
Успехот од вашите преговори зависи од влијанието. Не дозволувајте да ве понесе гордоста или потребата за победа. Емотивно сте нестабилни и избегнувајте отворен дијалог со блиските.

Јарец
Потребни ви се многу информации за да успеете. Беспотребно се трудите да ја дознаете вистината. Вознемирени сте, но не дозволувајте да го види тоа околината. Ве очекува емотивна авантура.

Водолија
Доколку не ви се допаѓа нечие однесување, потрудете се да се контролирате. Избегнувајте ривалски односи или индиректни обиди некому да кажете нешто. Потрудете се да имате заемна доверба со партнерот.

Риби
Незаинтересирани сте за идеите што ви ги даваат вашите соработници. Ја прекинувате комуникацијата, а тоа може да ја прекине довербата. Претерувате со своите изливи на емоции.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *