Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (15.05.2023)

Овен
Чувствувате потреба да се изборите во некоја ситуација и да тргнете во акција. Уште ако успеете да ја совладате овновската нетрпеливост… Секако, следува разрешување на важни животни проблеми. Барем ќе знаете на што сте, зашто неизвесноста ве убива. Нова љубов е на повидок, а некои припадници на овој знак сонуваат за поднова.

Бик
Во зависност од планетите го менувате и расположението. Моментално сте во позитивна фаза, задоволни сте затоа што одлично функционирате на емотивен план. Кога ќе размислите подобро, многу ви значи односот со саканото лице. Ако тој однос не е во ред, забележувате нешта на кои инаку не обрнувате внимание. Тогаш и здравјето е на удар.

Близнаци
Имате добра моќ на забележување. Не трошете го талентот на глупости, зашто не сте во ситуација да си го дозволите тоа. Ви се нуди поволна деловна шанса и можност за вербално докажување. Скорпиите ќе ви помогнат во некои работи за да функционирате уште подобро. Нервоза!

Рак
Комплицирани сте до бесвест. Вашата природа постојано бара нешто повеќе и подобро. Никогаш не и’ е доволно. Сепак, морате да увидите дека често сте и амбивалентни и тоа без добра причина. Одговорите мора да ги побарате во себе. Чувајте се од повреди, особено сообраќајни.

Лав
Функционирате според опсежните искуства во духовната и психолошката сфера. Наедно, сонувате за патување во далечни земји. На побогатите претставници на знакот им успева да ги реализираат дневните сонувања, додека повеќето Лавови имаат здравствени тегоби. Во комуникацијата со Риби се чувствувате искористено.

Девица
Исклучително успешен деловен ден. Бидејќи физичката сила ви е на крај, може да дојде до замор, па работете во границите на нормалата. Сугестивно влијаете на околината, но, од друга страна, метаболизмот ви е забавен, а нервниот систем сериозно загрозен. Партнерот на вас гледа како на доминантна личност во врската. Мора да попуштите.

Терезија
Ситуацијата не е сменета, но се чувствувате подобро. Нешто што ве спречува и ве прави нервозни засега е во втор план. Како да ви паднал камен од срцето. Полека собирате сила за нови потфати. Бидејќи уживате во убави работи, облагородете го животниот простор. Дојдено ви е до пофалби, па ако изостанат, ќе има неволји.

Скорпија
Ситуацијата во која се наоѓате не ветува успешни работи, признанија и поволни договори. Со партнерот се можни недоразбирања, кои произлегуваат од вашата желба за докажување. Не сте секогаш во право. Дури низ комуникација со околината сфаќате што треба да се прави, со цел да се поедностави животниот пат. Намалете ги потрошувачките апетити.

Стрелец
Пред вас е успешен и креативен ден. Колку ќе профитирате од него, зависи од вашето лично ангажирање. Мора да бидете вредни и трпеливи, но не само на работа – и партнерот бара внимание. Занимавањето со уметност носи големо задоволство. Романтичното расположение ве прави склони кон љубовни авантури.

Јарец
Залудно сте се надевале на нешто, така што по малку сте разочарани. Песимизмот е од минлив карактер, иако некои припадници на знакот веќе подолго време се нерасположени и депримирани. Доколку имате здравствени проблеми, постои можност од погрешна дијагноза. Затоа одложете ја посетата на лекар.

Водолија
Во незадоволството лежи една од причините за вашата болест или, пак, субјективното чувство дека сте болни. Не очекувајте премногу од денешните случувања за да не се разочарате уште повеќе. Моментално се советува трпение и свртеност кон друштвото, кое на вас влијае позитивно и неоптоварувачки. Се советува пасивност.

Риби
Во друштво на саканото лице се прават планови без чиста основа. Убаво ви е зашто фантазирате. Физичката сила не е на завидно ниво, проблемите со срцето може да бидат последица на потиснати стравови, а собирањето течности во организмот – на лошиот метаболизам. За почеток, посветете поголемо внимание на здравјето!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>