Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (05.03.2019)

Овен
Одеднаш се чуствувате премногу фрустрирано, па сметате дека е многу тешко да ги совладате емоциите. Лутината која се јавува во вас е само уште еден показател дека е крајно време да се соочите со вистината за тоа што чуствувате кон партнерот. Изнајдете го вистинскиот начин да дојдете до успешно решение.

Бик
Сакате кога се чуствувате цврсто на земја и кога знаете дека ситуацијата ја имате под контрола. Особено кога станува збор за љубовта и односот со парнерот. Но, во моментов изненадени сте од несигурноста која прозилегува од вас, поради извонредната комуникација која не е својствена за вас. Без многу напори уживајте во среќните мигови и опуштете се.

Близнаци
Вашите емоции се движат во еден правец, а веќе во следниот миг се фокусирани кон нешто друго. Тоа и не би требало да ве чуди со оглед на вашата дволична природа на карактерот која ја поседувате. Иако таквите емотивни осцилации нема да ви донесат подобрување на љубовниот живот, сепак вие уживате во забавата. Обидете се да бидете малку повеќе практични и симнете се од облаците.

Рак
Имате чуство дека сте стигнале со нештата до самиот крај. Можеби претерувате со вашата песимистичка природа, бидејќи не можат постојано да се случуваат убави нешта. Некои работи едноставно мора да ги прифатите и да се обидете да продолжите понатау. Колку и да се чини невозможно, секогаш среќата им се насмевнува на најхрабрите.

Лав
Некој ќе се обиде да ја наруши вашата духовна хармонија и да ве налути, но самоконтролата нема да ви побегне од рака. Вие умеете добро да ги контролирате нештата, па ваквите провокации ќе ги сфатите како љубоморен обид на околината да ви наштети. Обидете се позитивната енергија да ја усмерите кон убави нешта.

Девица
Истражувачката природа во овој период ќе дојде до израз. Колку и да ви се чини невозможно ќе успеете да ја откриете вистината за една работа којапостојано ве измачува. Она што треба да се дозане ќе дојде во моментот кога тоа најмалку ќе го очекувате, но добрата анализа само ќе ви помогне да дојдете побргу до целта.

Терезија
Рамнотежата кај вас доаѓа од самата природа на знакот, па затоа лужето родени во знакот на Терезија важат за најголеми балансери кога тоа е потребно. Премногу размислување на одредени теми нема да ви донесе ништо добро, па затоа одлучете се да се препуштите на моментите, колку и да изгледа тоа чудно за вас.

Скорпија
Отежнатата комуникација ќе биде главниот проблем со кој ќе се соочите во периодов. Причината за тоа ќе бидат острите критики кои пшретпоставените ќе ги упатат на ваша сметка. Но, не очајувајте. Сите имаат добри и лоши мигови на успех, па за кратко време ќе успеете да ги повратите старите позиции.

Стрелец
Советите кои ви се даваат со добра намера, постојано ги сфаќате како лична критика и сметате дека некој се труди да ја покаже слабата страна на вашиот потенцијал. Можеби малку избрзувате со останатите соработници, па затоа наместо да се лутите одберете да слушате и на тој начин ќе успеете да постигнете солидни резултати.

Јарец
Плановите кои ви е потребно да ги реализирате, ќе мораат да почекаат за некои подобри времиња, бидејќи ќе мора да се прилагодите на ново настанатата ситуација. Можеби мислите дека некој намерно ви стои на патот, меѓутоа станува збор за мали проблеми со кои ќе се соочите и за кои постои соодветно решение.

Водолија
Сакате околината да мисли дека се држите под контрола, но свесни сте дека тоа е далеку од вистина. Таквиот став не ќе може да ви помогне во ниту една ситуација, бидејќи ќе се појават потешкотии за кои ќе треба да употребите здрав разум, а не дополнителни проблеми. Подобро е да ја изберете опцијата и да бидете позитивно настроени кон другите, наместо да ја истакнувате вашата ароганција.

Риби
Избегнувајте да се надевате премногу, кога немате основа за тоа. Не ги окривувајте другите за личниот неуспех, бидејќи на тој начин уште повеќе ќе ја изгубите самодовербата во сопствениот потенцијал. Морате да научите дека за секоја постапка добро или лошо изведена, одговорноста оди исклучиво на ваша сметка.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *