Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (13.02.2024)

Овен
Работата е во експанзија и тоа благодарение на вашата неуморна работа. Се грижите за болни лица, па тоа влијае и на вашето здравје. Почнете да внимавате на себе ако сакате да имате внатрешен мир. Не оптоварувајте се со другите, нема да најдете заеднички јазик.

Бик
Бидете реални во процената на моменталната состојба во која се наоѓате. Не сте во ситуација кога најдобро функционирате, а и не носите исправни одлуки. Организмот ви е слаб, па склони сте кон настинки. Работете толку колку можете.

Близнаци
Проблемите со нервниот систем ви укажуваат на тоа дека сте живееле во илузија. Потрудете се да ја совладате општата внатрешна збрка, иако ќе ви биде тешко. Во лоша состојба сте, но не барајте вина во другите.

Рак
Во љубовта се можни конфликти, а сето тоа е последица на вашата несигурност. Работете повеќе на себе на зајакнување на сопствените вредности. Ако успеете во тоа, ќе успеете и да ја избегнете љубомората и посесивноста. Искористете ги сопствените потенцијали на вистинско место.

Лав
Сакате да се изолирате, бидејќи во самотија тешко функционирате. Непријатно се чувствувате, а не знаете зошто. Нервозни сте и напнати, а причина за тоа се вашите амбиции. Потрудете се да извлечете поука од моменталната ситуација.

Девица
Послушајте ја интуицијата која е особено изразена. Таа ќе ви каже што да направите и како да се однесувате. Сакате некои работи да ги испланирате однапред. Се трудите да ги ублажите проблемите и тоа ви успева.

Терезија
Во конфликт сте со желбите и можностите. Треба да направите компромис и да се задоволите со она што го имате. Водете сметка за здравјето, опасноста од вирус не ви е непозната работа. Се трудите да му дадете совет на некој близок.

Скорпија
Ограничени сте на сите фронтови, а причина за тоа се хроничните болести. Склони сте кон ревматски проблеми, затоа работете умерено. Добивате помош од стари луѓе, но, сепак, сте задоволни.

Стрелец
Избегнувајте јавни излегувања и комуникацијата сведете ја минимум. Кога е станува збор за работата, бидете реални. Не дозволувајте повторно да бидете затекнати со непријатно искуство. Кога ќе размислите подобро, главата не служи само за чешлање на косата.

Јарец
Ако сакате да бидете задоволни, верувајте повеќе во себеси и во сопствените можности. Го добивате она што сте го заслужиле. Искористете ја позитивната енергија и постигнете професионален успех.

Водолија
Ова е напорен ден за вас и слабо постигнувате резултати. Тешко се помирувате со сознанието дека треба многу да работите. Пронајдете мир и тишина во сопствените мисли. Ако се потрудите да дојдете до невозможни работи, може само да се разболите.

Риби
Бидете внимателни кога станува збор за неверства. Не инвестирајте во работи кои не се проверени и не потпирајте се на некого што може погрешно да ве насочи. Чувајте ги парите и документите, лесно може да ги изгубите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>