Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за недела (05.01.2020)

Овен
Вредно работите и ги остварувате своите цели. Друштвени сте и интересни, затоа ве очекува пријатен и комуникативен ден. Големи количини енергија трошите на креативни работи и тоа ќе резултира со успех. На емотивен план очекувајте изненадување од партнерот, но и прекрасни моменти.

Бик
Најголема мана ви е влегувањето во конфликти. Благодарение на вашата енергија, ќе остварите исклучителни резултати. Бидете трпеливи и не нервирајте се, само така работите ќе си дојдат на свое место. Здравјето ви е одлично, единствено треба да внимавате на нозете. Ве очекува мирен емотивен период.

Близнаци
Се чувствувате слободно, но тоа не значи дека треба да се олабавите премногу. Подготвени сте да му покажете заби на секого што ќе ви застане на патот. Не почнувајте да работите повеќе работи одеднаш, може некаде да заглавите. Посветете му внимание на партнерот, кој во последно време го запоставивте.

Рак
Ова е успешна недела за Раковите што се занимаваат со економија. Имате потреба за дружење и комуникација со странство. Бидете трпеливи и се ќе си дојде на свое место. Не очајувајте ако нешто не е како што сакате вие. Партнерот ви посветува повеќе внимание, искористете го тоа и уживајте.

Лав
Тврдоглави сте, но тоа е поради вашиот силен карактер. Доколку сте во конфликт со партнерот, бидете свесни дека некој треба да попушти. Подгответе му изненадување. Зачувајте ја храброста, бидејќи ве очекува период на шокирање. Работните обврски се повеќе ви причинуваат задоволство.

Девица
Ова е одличен период за љубов. Ве очекуваат незаборавни моменти. Наредните денови од вас се очекува умереност во се, особено во исполнување на работните обврски. Не ретко знаете да претерате со работата и да се чувствувате преморено. Занимавајте се со спорт за да ја зачувате формата или барем пешачете.

Терезија
Импулсивни сте и нестабилни. Тоа не е ваша особина, па се чудите што ви се случува. Се трудите да промените нешто, но целосно сте збунети и не ви успева секоја намера. Партнерот со нетрпение очекува малку нежност, овозможете му незаборавни моменти. Бидете внимателни со исхраната.

Скорпија
Чувствувате потреба да се обезбедите за моменти кога ќе ви биде најтешко. Тоа не е лоша особина само ако не загрозувате никого. Периодот пред вас е добар ако се занимавате со трговија. Имате целосна поддршка од блиските, прифатете ја, но потрудете се да не разочарате никого.

Стрелец
Ова е успешен работен ден придружен со многу контакти и договори. Имате поддршка од партнерот, а тоа ви дава посебна сила и желба да продолжите понатаму. Соработувајте со блиските ако сакате да постигнете успех. Среќни сте и задоволни, бидејќи се ви оди од рака. Но, морате да внимавате на здравјето.

Јарец
Вредни сте и постојано работите. Очекувате успех и сте мотивирани, затоа и постигнувате резултати. Постојано сте во акција, па потрудете се да ја зачувате енергијата зашто се повеќе се намалува. Бидете внимателни и не дозволувајте да се случат здравствени промени.

Водолија
Самоуверени сте и постојано во акција, бидејќи само така ќе успеете да докажете дека ништо не е невозможно. Зрачите со енергија, но нетрпеливи сте, а тоа може да ви донесе проблеми. Доколку не успеете да ги совладате препреките, здравјето ќе биде на удар. Односите со партнерот се одлични.

Риби
Се чувствувате немоќно бидејќи сте преполни со негативна енергија. Секоја ситуација за вас е проблематична, затоа мора да се промените. Бидете посигурни во себе ако сакате да ве почитуваат и другите. Партнерот е ладен спрема вас, потрудете се да го зацврстите односот. Не претерувајте со алкохол и цигари.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *