Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за сабота (05.01.2019)

ОВЕН
Уште еднаш по изгубената самодоверба и’ се враќате на поранешната љубов. Соочете се со проблемот, зашто бегството во минатото не е и решение, туку само непотребно одложување. Во последно време вечерате многу доцна, а тоа не е здраво.

БИК
Чувствувате дека промените ви годат. Следете ја својата рационална, практична страна и не подлегнувајте на сомневањата. Дури и ако фантазиите ве одведат од конкретната акција, не дозволувајте да влезете во бајка. Останете реални.

БЛИЗНАЦИ
Иако немате контрола ниту за секунда врз сопствениот дневен распоред, па се чувствувате и лудо растргнати на сто страни, се’ ќе мине во најдобар ред доколку се препуштите на текот на настаните, без обиди да ги менувате. Уживајте во изненадувањата!

РАК
Ќе размислувате кој сте и зошто сте и што треба да направите за да успеете. Ќе се концентрирате на внимателното финансиско планирање – не потценувајте се ниту себеси ниту своите можности и достоинствено наплатете ги своите услуги.

ЛАВ
Ви претстојат многу работи кои треба да ги завршите и тоа е причината поради која се наоѓате во стресна состојба. Ако проблемот е во парите, не мислете се – едноставно побарајте. Можеби ќе треба да ги заработите, но и на тој начин, сепак, на крајот ќе добиете бонус.

ДЕВИЦА
Потребни ви се пари, но не знаете како да дојдете до нив. Наскоро вниманието ќе ви биде насочено кон завршувањето на други работи, па затоа побрзајте да ја обезбедите потребната сума пари. Еден пријател ќе ве замоли да му помогнете околу комплициран проблем.

ТЕРЕЗИЈА
Се чувствувате одлично и подготвени сте да го победите секој оној што ќе се обиде да ве навреди. Меѓутоа, малку сте ограничени и не можете правилно да ги согледате работите. Некои од нив дури и не сфаќате дека ги знаете. Соработувајте со другите.

СКОРПИЈА
Не бегајте од своите најдлабоки чувства дури и кога болката, односно стравот станува се’ поголем и поголем. Едноставно следете го својот инстинкт и ќе ги добиете одговорите кои ќе ви помогнат да се подготвите за нови и подобри искуства.

СТРЕЛЕЦ
Иако сте свесни за промените и низата задачи кои треба да ги завршите – не брзате никаде. Всушност, можеби најдобар начин пред да појдете во акција е да запрете, да земете воздух и смирено да почнете со она што сте го замислиле.

ЈАРЕЦ
Лесно ќе ве изнервира бучната и неорганизирана околина, но обидете се да го одбегнете губењето енергија на тој начин. Имено, мора да останете во одлична форма за да можете успешно да се соочите со низата попладневни деловни проблеми.

ВОДОЛИЈА
Не дозволувајте им на своите мисли да ве збунат. Планираниот пат ќе се случи, но кој да издржи дотогаш?! Дружете се со позитивни луѓе, особено со луѓето родени во знакот на Риби: тие се тука за да ве разбудат и да придонесат да станете посвесни, и за себе и за околината.

РИБИ
Денешниот ден е одличен за вас. Веројатно ,ќе слушнете некои вести што ќе ве развеселат, а се поврзани со вашата работа или со идните планови. Сепак, денеска не правете сцени или некои поголеми промени. Обидете се да им помогнете на оние на кои им е потребна вашата помош.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *