Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (09.03.2022)

Овен
Сите нервози и вишок на емоции се врзани за куќата и родителите. Мора некако да се изборите со тоа, зашто само во тој случај ќе имате корист. Во спротивно, потиснувањето на проблемите може да доведе до психосоматски болести, стомачни тегоби, а подоцнa и до нервоза придружена со агресивно однесување.

Бик
Само под услов во претходниот период да сте постапувале правилно, можете да се надевате на поволен исход. Во спротивно, проблемите само се собираат. Партнерот прави сe да се сомневате во оправданоста на врската. Свртете се кон себе и почекајте поповолен момент за проблемите да ги согледате објективно.

Близнаци
Бидејќи ги победивте вирусите и слабоста на имунитетот, се разочаравте во врска со извесни случувања – пасивни сте. Се одморате. Нервозата полека стивнува, па се обидувате позрело да размислувате. По којзнае кој пат донесувате одлука дека нема да постапувате погрешно, но таа кратко трае. Набргу ќе продолжите по старо.

Рак
Одлучни сте и истрајни, па никој не се сомнева во успехот. Околината се чуди како ви поаѓа од рака толку добро да функционирате. Можеби малку ве потцениле и тоа затоа што ни самите вие не верувате доволно во себе. Таа своја состојба несвесно ја проектирате и на околината.

Лав
Доколку се свртите на работата и креативните потенцијали, ве очекува успех. Во спротивно – фрустрациите не ви бегаат, особено ако по секоја цена го посакувате невозможното, и тоа на планот на најдлабоката интима. Во последно време ви е доста од фрустрации, па обидете се на секаков начин да ги избегнете. Излезот е во вас.

Девица
Извесни планови паѓаат во вода, иако никој не се сомнева во успех кога се во прашање Девиците. Сите астролошки знаци имаат квалитети, а вашиот посебно. Затоа мора во секој миг да биде свесни за своите предности. Храбро чекорете напред и не очекувајте помош!

Терезија
Доколку ви појде од рака да се опуштите и со кафе со пријателите да функционирате нормално – се’ ќе биде во ред. Посветете внимание на своето ментално здравје, не оптоварувајте се со бесмислици и угодете си себеси. Пожелно е да правите работи што ве прават задоволни.

Скорпија
Имате желба да сакате и да бидете сакани, но ситуацијата не е розова. Или партнерот ги изневерил вашите очекувања, или сте избрале погрешна личност. Во секој случај сте нерасположени. Не обидувајте се тврдоглаво да дојдете до вистината. Повлечете се од игра и мудро почекајте ги своите пет минути.

Стрелец
Само доколку го осмислите овој ден, ќе бидете задоволни. Тоа може да биде дружење, спорт или какво било хоби – се’ е индивидуално. Важно е претходно да ги испланирате содржините што ќе ве активираат. Не дозволувајте си празен од, затоа што може да бидете нервозни. Засилена е смислата за филозофски теми.

Јарец
Пред вас е креативен и убав ден, така што немате причина да се жалите. Уживајте во тивката среќа, но првенствено мора да решите некои работи сами со себе. Треба да знаете до која мера да се жртвувате за најблиските, зашто тие почнаа да ја злоупотребуваат вашата добрина.

Водолија
Бидејќи домот е моменталниот центар на случувања, настојувајте амбиентот да го направите попријатен. Пријателите што не сте ги виделе подолго време ќе уживаат во вашите специјалитети. Дружењето е работа на која треба да се фокусирате, зашто ве спасува од депресивните мисли.

Риби
Само доколку се залагате за надминување на проблемите, ќе можете да уживате во плодовите. Во спротивно, грижите ќе влијаат врз вашиот кревок нервен систем. Партнерот може многу да ви помогне во совладувањето на проблемите. За возврат, понудете му барем малку нежност.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>