Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (04.07.2019)

Овен
Со леснотија ќе го привлекуватре вниманието на околината. Ќе знаете да се наметнете или да добиете нешто од блиските. Осамените ќе ја спознаат дека наколноста на една личност ги надминува пријателските чувства. Вечерното излегување гарантира весела забава. Усовршете ја умешноста на заведувањето.

Бик
Ќе ве преокупираат семејните работи. Бидете мудри и деталите препуштете ги на грижата на домашните. И така сте презафатени и не сте во можност да размислувате баш за се’. Објаснете им го тоа на оние, што се лутат поради вашиот немар или пропуст. Не молчете, разговарајте.

Близнаци
Ѕвездите ве потикнуваат на акција. Ќе посакате многу работи да завршите одеднаш, па затоа чувајте се од површноста. Нема да ви се допадне однесувањето на една блиска личност. Ќе мислите дека премногу се грижи за себе и не ги почитува вашите чувства. Не драматизирајте околу ситници.

Рак
Ќе потрошите многу зборови додека убедите некои личности во правилноста и добронамерноста на своите решенија. Обидете се да бидете мирољубиви. Во спротивно ќе влезете во вербални несогласувања, со кои нема ништо да постигнете. Бирајте ги зборовите.

Лав
Љубовта ќе ви тргне по нагорна линија. Постојаниот партнер ќе ви угодува, а еден додворувач ќе направи се’ за да го привлече вашето внимание. Ќе се чувствувате одлично во друштво на женски лица. Осамените се на пат да се вљубат. Подобрете го својот љубовен статус.

Девица
И денеска работните обврски ќе ви бидат во прв план. Ќе ги исправувате туѓите грешки, а состаноците ќе се оддолжат. Ќе ја откриете неспособноста и незнаењето на една личност, поради што ќе го смените мислењето за неа. Одете порано на спиење и внимавајте што јадете.

Терезија
За да добите или да остварите нешто, мора од нешто и да се откажете. Влегувате во период во кој би морале да внимавате што работите, зборувате и како се однесувате. Другите ќе ве оптоваруваат со некои не претерано пријатни обврски. Верувајте во себе.

Скорпија
Позанимавајте со семејните и станбени прилики. Во вашата близина постои личност на која и’ е неопходна помош и поддршка. Не ги запоставувајте нејзините здравствени прилики. Навечер е можна посета или забава во вашиот дом. Не се насладувајте со забрането овошје.

Стрелец
Ако премногу се потпирате на туѓата помош, ќе изгубите скапоцено време и трпение. Повеќе ќе постигнете ако сами тргнете во акција, особено кога станува збор за пари, плаќање сметки и средување на долговите на блиските. Не се карајте поради пари.

Јарец
Денот ќе биде лесен, а еден ручек или вечера ќе ви открие колку ви се симпатични лицата на луѓето од вашата околина. Со леснотија ќе наоѓате заеднички јазик со непознати луѓе, па ќе бидете на глас како дружељубива и весела личност. Викендов е создаден за смеа и шеги.

Водолија
Ќе ве импресионира една личност што денеска ќе ја запознаете. Ќе сфатите дека долго време не сте се назборувале со некого, како денеска. Во љубовта сте склони кон потрага по нови патишта. Постоечката ситуација не ве исполнува онака како што посакувате. Покажете се во ново светло.

Риби
Осаменоста е состојба којашто денеска најмалку ќе ви одговара. Времето е за дружење, пиење кафе со блиските пријатели и планирање на вечерното излегување. Во љубовта се’ се движи кон подобро. Можна е љубов на излет или на патување. Поделете ја радоста со блиските.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *